Скопје, 12 март 2019 година – Продажбата на најновите уреди на компанијата Самсунг – Галакси С10е (Galaxy S10e), С10 (S10) и С10+ (S10+), официјално започна во повеќе од 70 држави ширум светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Индија, Кина и цела Европа. До крајот на овој месец, уредите ќе бидат достапни во рамки на речиси 130 пазари. Во периодот на претпродажба се забележани зголемен интерес и продажба на уредите во однос на други паметни Самсунг уреди достапни во Европа, за краток временски период.

Галакси С10 уредите, во периодот на претпродажба во нашиот регион остварија повеќе од 40% подобар резултат во однос на Галакси С9. Во Европа, повеќе од половина од количината  Самсунг Галакси С10+ уреди наменети за претпродажба беше распродадена, алудирајќи на новиот тренд помеѓу потрошувачите кој бележи зголемен интерес за телефони со високи перформанси. Како најпопуларната боја која корисниците ја одбираат е “Призма Црна“, односно половина од вкупно продадените С10 уреди се во оваа боја.

Во Македонија препорачаните продажни цени за овие мобилни уреди се движат од 54.999 денари за Галакси С10 (128GB) односно 69.999 денари за Галакси С10 (512GB) , 60.999 денари за Галакси С10+ (128GB), 75.999 денари за Галакси С10+ (512GB), 97.999 денари за Галакси С10+ (1TB) и 44.999 денари за Галакси С10е. Уредите може да се набават кај овластените продажни партнери на Самсунг и операторите. Уредите Галакси С10, Галакси С10+ и Галакси С10е се достапни во неколку бои: “Призма Црна“, “Призма Бела“, “Призма Сина“, “Интензивно Жолта“, додека Галакси С10+ е достапен во два сосем нови, премиум модели: “Порцеланско Црна“ и “Порцеланско Бела“. Како резултат на големиот интерес и побарувачка, уредите во одредени бои и со одреден простор за меморија ќе бидат достапни за потрошувачите со мало закаснување.

Секој од новите Самсунг Галакси С10 уреди носи револуционерни иновации во областа на екранот, камерата и интелигентните перформанси. Уредите од Галакси С10 серијата пристигнуваат со првиот динамички АМОЛЕД екран, со “HDR10+“ сертификат кој создава живописни и интензивни бои и извонреден контрастен сооднос за уште подлабоки темни и уште посветли светли нијанси. Во екранот се наоѓа и првиот ултразвучен скенер за отпечатоци на прстот кој ги вчитува тридимензионалните контури на палецот. Како дел од единствениот “Infinity-O“ екран се наоѓаат и низа сензори и технологија за камера, овозможувајќи му на корисникот максимална површина на екранот, од едниот до другиот крај.

За прв пат во Самсунг Галакси С серијата, камерата пристигнува со ултраширок објектив, што создава можност за фотографирање во видно поле од 123 степени. Покрај ултрашироката, Галакси С10 серијата на уреди има и телефото и широкоаголна камера. Галакси С10+ има три задни и две предни камери, Галакси С10 има три задни и една предна камера, а Галакси С10е пристигнува со две задни и една предна камера. Двојниот објектив, поставен на задната широкоаголна камера, е направен за да го прилагодува и оптимизира осветлувањето на поддржаните режими за фотографирање – “F1,5“ и “F2,4“.  И предната и задната камера може да снимаат до “UHD“ квалитет, а за прв пат во оваа индустрија, задната камера овозможува снимање со “HDR10+“ квалитет.

Новиот софтвер за Вештачка Интелигенција автоматски ги оптимизира батеријата, РАМ меморијата па дури и температурата на уредот според тоа како се користи телефонот. Со функцијата Безжично споделување на енергија (Wireless PowerShare) се овозможува лесно полнење на паметни телефони кои имаат “Qi“ сертификат, како и на компатибилни уреди за носење. Воедно, уредот може да се полни и сам, но и да полни други уреди додека е поставен на обичен полнач. Галакси С10 има и интелигентен “Wi – Fi“, а го поддржува и новиот “Wi – Fi 6“ стандард, брзо безжично полнење 2.0 со чија помош Галакси С10 полни 29% побрзо од Ноут9 (Note9) и 33% побрзо споредено со С9 уредите. Исто така, уредите од оваа серија пристигнуваат и со низа други карактеристики како функцијата Бигзби (Bixby), која ги автоматизира навиките на корисникот и обезбедува персонализирани препораки, отпорноста на вода и прашина во согласност со стандардот “IP68“, функцијата Самсунг Здравје (Samsung Health) како и Самсунг Декс (Samsung DeX).