ИНРЕКОМ

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопјe во периодот од 4 до 10 март изврши анализа на програмската понуда на телевизиите со национална концесија во Македонија.

Причината поради која сметавме дека вреди да се објави оваа анализа е тоа што истата не е политичка и се однесува на генерална анализа на, во основа, што е тоа што може да се види на нашите телевизии.

Анализата ги опфаќа информативните емисии, забавните, емисиите од сопствена продукција и завршува со заклучок за нивната застапеност, квалитет и слично.

„Целта на оваа анализа од страна на „Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје“ е да се создаде сиже од понудата на традиционалните медиуми -телевизиите, а потоа да се донесат заклучоци и препораки за подобрување, без притоа да се анализира уредничката политика на радиодифузерите во Република Македонија.“ – истакнуваат од институтот.

Во анализата се опфатени 13 телевизии, односно МРТ1, МРТ2, Алфа, Алсат, Канал 5, Сител, Телма, РТВ 21, Шења, 1ТВ, ТВ 24 (Вести), Наша ТВ и ТВ Сонце.

„Телевизиите во Република Македонија својата програмска шема претежно ја потполнуваат со играни серии, пред сѐ од странска продукција. Анализата покажува дека Македонските телевизии немаат посериозен финансиски капацитет за продуцирање на сопствени играни серии. ИНРЕКОМ препорачува со помош на Агенцијата за аудио и аудиовузуелни медиумски услуги, како и Агенцијата за филм, националните радиодифузери да работат на заеднички проект кој со помош на финансиски средства кои би ги вложиле во играна продукција ќе ја подобри сликата за домашната продукција на играна програма.“ – заклучуваат од институтот.

Целата анализа во која посебно и во детали се опишани телевизиите, како и заклучоците, можете да ја погледнете на следниот линк.

Претходна статија„Добрата страна“ на технологијата – да се потсетиме на неа и предностите кои ги донесе во секојдневното живеење
Следна статијаРекордна претпродажба на уредите од серијата Samsung Galaxy S10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.