Целата „фама“ кај смартфоните оваа година е околу намалувањето на рамките околу екранот, односно претставување на уреди кои и немаат воопшто рамки. Тоа во главно производителите го прават со ставање на исечок на горната страна од екранот, место каде се сместуваат камерата и сензорите, додека остатокот од екранот нема рамки.

Исто така, можевме да видиме и интересни решенија како во случајот со Oppo Find X. Овој уред нема воопшто рамки околу екранот, нема исечок, а тоа го постигнува со вклучување на сензор за отпечатоци под екранот, а камерата во посебен дел кој се „појавува“ со моторче.

Xiaomi Mi Mix 3 има уште поинтересно и попрактично решение. Камерата исто така се „појавува“ од посебен дел на горната страна, меѓутоа наместо со моторизиран систем кој може да се расипе брзо, Mi Mix 3 користи лизгач како кај постарите телефони.

Кинескиот производител Nubia го претстави нивниот Nubia X која досега има можеби најкреативно решение. Овој уред има два екрани, големи без воопшто рамки на предната страна, како и нешто помал на задната страна.

Вклучувањето на екран на задната страна овозможува да овој уред има само една камера, односно само на таа страна. Селфи камера не е потребно поради тоа што кога корисникот сака да се слика, ќе го сврти телефонот и ќе го користи задниот екран.

Овој екран сепак не е ставен само за селфи сликите. Тој е наменет да се користи и како секогаш вклучен екран на кој ќе се прикажуваат одредени информации, како што е часот, одредени слики и слично, иако може да се користи целосно како обичен екран.

Nubia X покрај оваа карактеристика, доаѓа и со моментално најдобрите компоненти. Тој работи на Snapdragon 845, има 6 и 8 GB RAM меморија, а камерата на задната страна е двојна.

Моментално овој уред ќе се продава во Кина, па не е познато дали ќе може да го купат корисниците од Европа, но како и да е, концептот е интересен, па може некој друг ќе биде инспириран од него.

Инаку, Nubia е бренд којшто го прави познатата кинеска компанија ZTE.

ИЗВОРNubia
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаРезултати од работењето на Македонски Телеком за првите девет месеци од 2018 година
Следна статијаНајдобрата интерактивна дигитална телевизија – MaxTV слави 10 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.