Првиот исечок на смартфон, односно на горниот дел од неговиот екран го претстави еден од креаторите на Android оперативниот систем, Енди Рубин. Essential е името на овој телефон и кога беше претставен навистина привлече интересно внимание.

Сепак, нешто подоцна Apple го претстави својот iPhone X и потоа доста Android производители почнаа да го следат овој тренд којшто мене лично не ми се допаѓа, иако кај одредени модели и не изгледа лошо.

Како и да е, овој тренд најверојатно ќе биде само привремен и ќе остане карактеристичен за оваа година. Кинеските производители веќе претставуваат телефони без рамки околу екранот, но и без исечок, а сега на таа група се приклучува и одличниот Xiaomi.

Ова според мене е одлична вест која најавува дека од идната година веќе и нема да го гледаме исечокот, барем не кај голем дел од уредите. Samsung Galaxy S10 веќе се најавува дека исто така ќе нема рамки околу екранот, се разбира, без да биде вклучен исечок.

Xiaomi Mi Mix 3 е новиот уред од оваа компанија кој беше претставен минатата недела. Тој има сооднос на екранот наспрема телото од уредот од одлични 93,4 проценти, што значи дека на него скоро и да нема да забележите некакви рамки.

На горниот дел не е вклучен исечок којшто од компанијата го имаат вклучено во друг модел, од Mi серијата. Камерата и другите сензори се сокриени во дел од уредот којшто се извлекува нагоре, меѓутоа за разлика од Oppo, тој не се извлекува автоматски со моторче, туку се лизга како постарите телефони на лизгање.

Ова можеби е и подобро решение со оглед на тоа што би се очекувало тоа да биде подолгорочно и не би требало да се расипе повеќе години.

Инаку, Mi Mix 3 доаѓа со 6,4 инчен OLED екран со 1080p резолуција, што е малку чудно за ова време, но сепак повеќето и не би требало да ја забележат разликата. Работи на Snapdragon 845, а има и големи 10 GB RAM меморија.

Mi Mix 3 е исто така и првиот смартфон со поддршка за 5G мрежите кои ќе почнат да се појавуваат комерцијално од идната година, но највеќе од 2020.

Претходна статијаIBM го купува Red Hat за огромни 34 милијарди долари
Следна статија5 заклучоци од првата конференција за е-трговија во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.