apple-flex-1

Доколку вашиот телефон може да се свитка, тоа потенцијално овозможува неколку нови можности, како и функции. Можеби најдобрата работа е можноста телефонот да го свиткате и со тоа да ја намалите неговата големина, нешто навистина корисно во време кога се поголемите телефони стануваат популарни.

Apple уште нема производ кој што ги има овие можности, доколку не се земе во предвид свиткувањето на одредена бројка на iPhone 6 модели, веста која што привлече внимание по пуштањето во продажба на телефоните. Во овој случај се работи за патентирање на концептот, кој што ќе треба да биде развиен со тек на време.

Од патентот може да се види дека Apple планираат да користат повеќе видови на материјали како пластика, алуминиум и слично, кои што треба да овозможат свитливост на телефонот, батеријата и електрониката.

apple-flex-2

Покрај можноста за чување на телефонот во повеќе форми, од Apple истакнуваат дека овие уреди се очекува да бидат многу поиздржливи кога се работи за нивно паѓање. За да можат да се свиткаат, тие треба да бидат подложни на деформации, нешто што ќе овозможи апсорпција на енергијата при падот за разлика од крутите уреди кои што се користат нормално.

Свитливоста на уредот исто така може да овозможи извршување на одредени функции на уредот наместо користење на екранот или копчиња. Па така, отклучувањето и заклучувањето на уредот може да се прави со негово превиткување, а ваквите примери се повеќе.

Извор: ZDNet, USPTO

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.