ipad-air-tim

Apple го одржа својот, како што го нарекува Специјален настан закажан минатата недела. Истиот беше проследен со повеќе претпоставки и шпекулации за што можеби ќе биде претставено. Очекувањата беа во главно остварени, па Apple ги претстави новиот iPad Air, iPad mini со Retina екран, OS X Mavericks, нови Mac Book Pro лаптоп компјутери, нов Mac Pro компјутер, како и нови верзии од вградените апликации од Apple. Во продолжение да видиме подетално што се ново претставија Apple на овој настан.

iPad Air

iPad Air е новото име на петата генерација на iPad. Истиот како што се претпоставуваше доаѓа со целосно нов дизајн, односно искористен е дизајнот првпат претставен во првата генерација на iPad mini. iPad Air доаѓа со 43% потенка рамка од неговиот претходник. 9,7 инчен Retina екран со 2048 x 1536 резолуција, 264 пиксели на инч и стандардната IPS технологија. Новиот iPad е исто така потенок и има дебелина од 7,5 mm, што е 20% помалку од претходната верзија и тежи само 454 грама. Доаѓа со A7 чип со 64-битна архитектура и M7 копроцесор за движење. Ново во овој модел е и поддршката за Wi-Fi (802.11a/b/g/n); dual channel (2.4GHz and 5GHz) со MIMO технологија. Исто така доаѓа со 5 мегапиксели iSight задна камера, 1,2 FaceTime предна камера, како и Bluetooth 4.0 technology и LTE поддршка. iPad Air ќе биде достапен од 1-ви Ноември, вклучувајќи ја и Македонија.

iPad mini

iPad mini го задржува популарниот дизајн кој сега се користи и на новиот iPad Air. Доаѓа со подобрени перформанси и најважната карактеристика, долго очекувана, Retina екран со 2048 x 1536 резолуција и 326 пиксели на инч. Исто така доаѓа со најновиот A7 чип со 64-битна архитектура и M7 копроцесор за движење. iPad mini со Retina ја има и поддршката за Wi-Fi (802.11a/b/g/n); dual channel (2.4GHz and 5GHz) со MIMO технологија. Исто така доаѓа со 5 мегапиксели iSight задна камера, 1,2 FaceTime предна камера, како и Bluetooth 4.0 technology и LTE поддршка. Овој модел ќе биде достапен нешто покасно, односно во текот на Ноември.

OS X Mavericks

os-x-mavericks-logo

OS X Mavericks веќе е познат поради достапноста на тест верзија, но еве ги уште еднаш карактеристиките што Apple ги претстави на својата презентација. Како што кажаа, во изработката на Mavericks се имаат концентрирано на три работи: Технологија, функции и апликации.

Новиот OS X треба да овозможи поголемо искористување на батеријата, подобри перформанси од меморијата и од графичкиот процесор. Развиена е функција наречена Power efficiency која според Apple овозможува до 1 час повеќе сурфање и 1,5 часа повеќе гледање видео на iTunes.

Compressed memory врши компресирање на неактивниот дел од зафатената меморија, со тоа ослободувајќи простор за додатна алокација. Според Apple со оваа функција може да соберете 6GB меморија на компјутер со 4GB.

Integrated graphics функција која ги комбинира графичкиот процесор и централниот процесор користејќи ја RAM меморијата, искористувајќи онолку од меморијата колку што во моментот му треба на компјутерот, наместо фиксна вредност. OpenCL функција со која што одредени ресурси поврзани со процесирање на графика се префрлаат од централниот процесор на графичкиот процесор овозможувајќи побрза работа.

Останатите новости меѓу другото вклучуваат и одговарање на нотификации без отворање на целосната апликација, ознаки во Finder, подобрување на функцијата за повеќе екрани.

Со оваа верзија претставени се и апликациите Maps и iBook.

Она што беше изненадување е најавата дека Apple нема да наплаќа за надградбата, односно OS X Mavericks ќе биде целосно бесплатен.

Mac Book Pro

На настанот беа претставени 2 модели од Mac Book Pro, 13 и 15 инчен лаптоп компјутер.

Ново во 13 инчниот модел е неговата тежина која изнесува 1,57 kg, како и дебелината од 1,8 cm. Доаѓа со 4-та генерација на Intel процесори, наречени Haswell и Intel Iris Graphics графички процесор, до 9 часа батерија, PCIe flash, 802.11ac, Thunderbolt 2 и се разбира со инсталиран OS X Mavericks. Овој модел ќе се продава со почетна цена од 1.299 долари.

15 инчниот модел доаѓа со Intel Crystalwell Quad Core процесор, исто така од четвртата генерација на Intel процесори. Intel Iris Pro Graphics процесор или NVIDIA GeForce GT 750M со 2GB GDDR5 меморија.  8 часа батерија, PCIe flash, 802.11ac, Thunderbolt 2, како и инсталиран OS X Mavericks. Почетната цена на овој модел изнесува 1.999 долари.

mac-book-pro

Mac Pro

Apple го претставија редизајниранит Mac Pro. Доаѓа со новата генерација од Intel Xeon процесорите, од E5 серијата со 4,6,8 и 12 јадра и до 30 MB L3 cache. 1866 MHz DDR3 ECC RAM меморија до 64GB и 60 GB/s широко појасен проток. AMD FirePro графички процесор до 12 GB на DDR5 VRAM меморија. До 1 TB SSD меморија со PCIe контролер, Thunderbolt 2 и до 3 4K компатибилни екрани.

Покрај новите уреди, претставени беа и надградени верзии од Apple апликациите: iLife (iPhoto, iMovie, Garage Band) и iWork (Pages, Numbers, Keynotes).

Претходна статијаШто ново донесе Nokia World настанот
Следна статијаMicrosoft ја објави листата на новости во Update 3 за Windows Phone 8
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.