Оваа надградба беше претставена пред нешто повеќе од една недела и истата стана достапна за тестирање за програмерите. Microsoft сега ја објави официјалната листа во која што е наброено што се е ново во оваа верзија на Windows Phone 8. Верзијата на оперативниот систем после надградбата, зависно од моделот на телефонот ќе биде 8.0.10501.127 или 8.0.10512.142. Што ново донесува оваа верзија?
Пристапност Напревени се повеќе подобрувања за корисниците со оштетен вид.
Надворешна меморија (Storage) Можност за лесно ослободување на простор од надворешната меморија на телефонот и управување со припремените фајлови. Нови категории за преглед на што го искористува просторот.
Режим за возење Избор за кои нотификации ги добивате додека го користите режимот за возење, со цел повеќе да бидете фокусирани на патот и возењето.
Екран Заклучување на ориентацијата на екранот, па истиот нема да се менува од Portrait во Landscape кога го вртите телефонот.
Wi-Fi Заштедете го вашиот месечен сообраќај на вашата мобилна интернет конекција со можноста да се поврзете на Wi-Fi мрежа за време на почетните прилагодувања на телефонот.
Споделување на интернет кокенцијата Сега можете да ја користите вашата мобилна интернет конекција на вашиот Windows 8.1 уред, со поврзување на уредите преку Bluetooth.
Bluetooth Направени се повеќе поправки на пријавени проблеми, како и подобрувања во квалитетот на конекцијата со Bluetooth уреди.
Мелодии (Ringtones) Можност за назначување на посебна мелодија за SMS за секој контакт посебно. Користење на вашите посебно додадени мелодии за повеќе работи како – SMS, инстант пораки, email, voicemail и потсетници.
Менувач на апликации Можност за исклучување на активните апликации директно од менувачот на апликации.
Други подобрувања Вклучени се многу други подобрувања на Windows Phone платформата.