OS X Mavericks е најновата верзија од оперативниот систем за Mac и истата е достапна за симнување. Надградбата на системот се прави со симнување на OS X Mavericks од App Store и покренување на инсталацијата. По завршување на процесот, сите фајлови и прилагодувања ќе останат исти, односно ништо нема да биде избришано.
Меѓутоа можеби некој од вас сака да го избрише целиот систем и од почеток да ја инсталира новата верзија на OS X. За да го направите тоа потребна ви е најновата верзија од OS X и USB стикче од најмалку 8 GB. За бришење на системот и инсталирање на OS X Mavericks, следете ги следните чекори:
- Симнете го OS X Mavericks од App Store. Фајлот е со големина од 5,2 GB, се симнува во вашата папка за апликации и е нарачен “Install OS X Mavericks”.
- Направете формат на USB стикчето преку Disk Utility. Изберете Mac OS Extended (Journaled) како формат и оставете го неименувано, односно Untitled во делот за име.
- Отворете го Terminal и внесете ја следната команда – sudo /Applications/Install\ OS\ X\ Mavericks.app/Contents/Resources/createinstallmedia –volume /Volumes/Untitled –applicationpath /Applications/Install\ OS\ X\ Mavericks.app –nointeraction Во процесот ќе треба да ја внесете вашата лозинка.
- По завршување на процесот, рестартирајте го компјутерот и оставете го стикчето приклучено. Држете го Option копчето додека не се појави прозорец OS X Utilities.
- Изберете Disk Utility и избришете го вашиот главен диск, односно дискот на кој што е инсталиран оперативниот систем.
- Вратете се на претходниот прозорец изберете ја Install OS X Mavericks опцијата, па потоа изберете Install a new copy of OS X.
Со тоа почнува инсталацијата на оперативниот систем и ги следите чекорите на самата инсталација.