Samsung Galaxy S10 се очекува да биде различен за разлика од неговите претходници кога е во прашање неговиот изглед. Во основа тоа се очекува и поради тоа што помина доволно време после кое се менува дизајнот на уредите, но овој модел е и јубилеен, односно десетти Galaxy S модел.

Главната неофицијална информација која го привлекува вниманието е користењето на екран кој ќе нема воопшто рамки, односно покрај веќе заоблените страни на досегашните модели, S10 треба да нема рамки ни на горната и долната страна.

За тоа S10 ќе користи неколку технологии за кои можевме да прочитаме, меѓу кои е и сместувањето на камерата зад екранот, но засега не е познато дали на тој дел ќе има мала „дупка“ за истата.

Нов „доказ“ дека S10 ќе дојде без воопшто рамки околу екранот ни доаѓа од бета софтверот којшто Samsung го тестира на Note9 телефонот. Поточно, бета од Android 9 верзијата вклучува нов темен режим на работа, меѓутоа во оваа статија тоа не не интересира.

Сликата која е ставена за давање на пример за тоа што корисникот го менува, како што веќе е познато на Samsung корисниците, во овој пример содржи уред кој воопшто нема рамки околу екранот.

Со оглед на тоа што овие слики се планираат за и идните уреди да бидат претставени во нив, може да се претпостави со голема сигурност дека некој од идните уреди на Samsung ќе изгледа така.

Тоа што се очекува е дека тој нареден телефон ќе биде Galaxy S10, кој треба да биде претставен на MWC 2019 при крајот на февруари, иако има информации дека тоа може и порано да се случи.

ИЗВОРBGR
Претходна статијаGoogle Chrome 71 ќе ги блокира сите реклами на страните кои имаат лажни реклами
Следна статијаHuawei го задржува своето водство пред Apple во третиот квартал од 2018 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.