Иако има уште неколку месеци до претставувањето на Galaxy S10, кој според информациите треба да дојде во три различни варијанти, уште од сега дознаваме дека овој модел од Samsung ќе биде еден од најдобрите на пазарот.

Главната причина за тоа ќе биде, како и најчесто, екранот. Samsung веќе ги прави едни од најдобрите екрани, а посебно по воведувањето на Infinity екранот кој е заоблен од страните, па остава впечаток дека нема рамки.

Наредното ниво кое што се очекува од Samsung, секако е уред без воопшто рамки околу екранот, односно тргање на рамките на горниот и долниот дел од уредот. Сето ова се очекува од Galaxy S10, како и тоа дека истото нема да се постигне со користење на исечок на горната страна, решение против кое Samsung веќе се има истакнато.

Информациите за ваквиот екран доаѓаат од Ice Universe кој тврди дека има дојдено до слика од презентација која Samsung ја има одржано во Шенжен за 20тина од своите партнери и соработници.

На оваа презентација се гледаат 4 технологии, за кои веќе можевме да читаме, но едната од нив е таа која упатува на екран без рамки. Овие технологии ги вклучуваат веќе познатите сензор за отпечатоци под екранот, повратен ефект преку вибрации на екранот, звук преку екранот, а новата технологија е наречена Under Panel Sensors (UPS), односно сензори под екранот.

Поставувањето на сензорите за близина, камерата и слични, под екранот, е тоа што треба да овозможи екран без рамки, но и без исечок. Дали Samsung и до каде ја има развиено оваа технологија, останува да видиме во периодот што следи, како и по претставувањето на S10-ките.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаЗошто веруваш само во она што можеш да го видиш
Следна статијаЖителите на Виена сериозно си ја сфаќаат својата приватност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.