Најпознатиот сервис моментално за испраќање на датотеки, WeTransfer, добива конкуренција и тоа може да се каже прилично сериозна. Mozilla го претстави, поточно го овозможи за сите, нивниот сервис Firefox Send.

Сервисот овозможува испраќање на датотеки преку шифриран протокол, односно со од крај-до крај шифрирање, а ова е најмалку што може да се очекува од Mozilla, познати по грижење за приватноста на корисниците.

Големината на датотеките е ограничена на 1 GB доколку немате или не сте најавени со Firefox сметка, додека ова ограничување се зголемува на 2,5 GB кога ќе се најавите.

Другата страна, односно страната на која ќе и биде пратен линкот за симнување на датотеката, не мора да има и да е најавена на Firefox сметка.

При прикачување на датотеките корисниците можат да го изберат времетраењето на линкот, односно достапноста на датотеката. Па така, може да се избере од 1 до 100 симнувања, а сето тоа да е достапно од 1 до 7 денови.

Корисниците исто така можат да изберат и лозинка за отворање на датотеката, со цел овозможување на дополнителна заштита на истата.

До Firefox Send можете да пристапите преку вашиот прелистувач на send.firefox.com, а во фаза на тест е и Android апликација.

Претходна статијаXiaomi телефоните нема да ја задржат ниската цена во иднина
Следна статијаНаучник се труди да ги сфати хипстерите со математика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.