taxi-vs-uber-wtp-comparison

Едно од темелните вредности на уставниот поредок на Македонија е „слободата на пазарот и претприемаштвото“. Поинаку кажано, секој човек има право да си го заработи чесно лебот без да биде попречуван од другите (се додека не му наштети на имотот и/или физичката безбедност на сограѓаните). Но, ова основно човеково право во пракса е лимитирано од безброј непотребни регулативи кои најтешко паѓаат врз оние кои се најмалку економски моќни да го издржат финансискиот товар. Еден нус-ефект од регулативите кој би требало особено да ги загрижува борците за „социјална правда“ е и концентрација на богатството во рацете на неколку „капиталисти“ и се повеќе и повеќе работници кои работат за нив за обична плата наместо да си отворат свои бизниси. На сцена настапува законот за побарувачка: помала понуда (неколку компании на пазарот) и голем број работници, со што работникот губи преговарачка моќ (ако се „чатали“ многу ќе биде отпуштен – некој од армијата невработени ќе го заземе неговото место). Ова пак не е баш најдобар рецепт за добри плати и empowering на работниците.

Во фантастичниот документарец Illegal Everything од Џон Штосел (од 12 до 17 мин.) се образложува историјата на пазарот на такси услуги. Во САД до 1930-тите, доволно било да купите кола на старо, да и ставите реклама, да имате возачка дозвола и веќе сте во бизнис. Голем број од доселениците од Ирска и Италија го почнале „американскиот сон“ на овој начин. Патем, вака би требало да функционира слободен пазар. Денеска, добрите политичари и бирократи треба да ви дозволат да бидете таксист, без разлика ако сте здрав, прав и имате возачка дозвола. Згора на тоа што некој треба да ви даде дозвола да се обидете да си го заработите чесно лебот, бројот на лиценци е ограничен. Државата погледнала во својата магична кугла и одредила дека бројот на лиценци треба да биде Х (кој и број да го ставите тука е еднакво арбитрерно и бесмислено!). Оние кои ќе добијат лиценца се дел од пазарот – оние кои сакаат да влезат ќе мора да ја откупат од некој од постојните фирми по цена која се движи од 800.000 до 1 милион долари или пак да ја изнајмуваат. На пример, во Њу Јорк каде што побарувачката за такси континуирано расте, во 2014 година на аукцијата почетна цена на една лиценца (медаљон) беше 650.000 долари!!! Па, така еден таксист ќе изјави дека работел цели 17 години со плаќање рента за користење на туѓа лиценца конечно ќе се обиде да си купи лиценца која пресметал дека ќе ја исплати по 15 години работа. Слободен пазар а?

Таксистите се регулирани на суштински ист начин и во Македонија. „Градските татковци“ определуваат колку такси-превозници смее да има, ги одредуваат цените на таксистите, им бараат да бидат во „солидна финансиска состојба“ што значи да имаат банкарска гаранција во износ од 9.000 евра за 1 возило и по 5.000 евра за секое наредно. Покрај ова, таксистите мора имаат положено испит за таксист – покрај нивната возачка дозвола – да знаат англиски и не ретко се предмет на казни и малтретирања од полицијата. Резултатот, како што предвидува економската наука, е ограничен број на такси-фирми и огромен број на таксисти кои возат за нив наместо да си бидат свои газди. Дополнително, наместо преку отворена конкуренција и иновативност таксистите да се борат за што повеќе патници, тие преку лобисти се борат за привилегии низ политичките ходници (бараат намалување на лиценците, зголемување на цените, и сл. со што го „штелуваат“ пазарот во своја корист). Така, пред некоја година бараа покачување на цените од градоначалникот на Скопје – го добија. Следуваше драстичен пад на бројот на такси корисници од 30,5 милиони годишно на 10,7 милиони! Иронично, иако бараа зголемување на цените, самиот пазар ги принуди да ги „корегираат“ цените, па почнаа да нудат разни попусти – кои патем се нелегални (Градот не ги одобрува?!). Истовремено, наводно немало доволно интерес за такси, па асоцијациите бараат намалување на лиценците со што ќе им се одземе правото на работа на одреден број на таксисти, ќе поскапат лиценците и ќе се отежни влезот на овој пазар. Се разбира, нема толкав интерес за такси поради горенаведените регулативи и казни!

Накратко, пазарот не функционира слободно туку политички – не се прилагодува на потребите на патниците, туку на превозниците (и тоа само дел од нив кои се синдикализирани, т.е. здружени во лоби асоцијации; другите се „диви“ ви текнува?!).

Можеби поголем проблем е што на овој начин таксистите подигаат бариера за влез на нивниот пазар со која се штитат од нови играчи. Едноставно, оние кои се „надвор“ не можат да влезат на пазарот, додека пак оние кои се „внатре“ си ќаруваат повисоки профити и им наплаќаат повисоки цени на потрошувачите. Ова е голем проблем за новајлиите, а особено за старт-апите кои најчесто сакаат да влезат на пазарот со game-changer идеи како Uber, Lyft па и нашата Claxi.

колумната продолжува …

Претходна статијаTubecast – Одлична Windows Phone YouTube апликација
Следна статијаMacBook Retina е најтенкиот лаптоп во светот, но дали е корисен?