Наскоро, сите корисници на Windows 10 компјутери ќе добијат освежен дизајн на својот оперативен систем. Новиот дизајнерски јазик ќе се вика Neon и истиот е само надградба, односно подобрување на претходниот Metro/Microsoft Design Language (MDL). Сепак, визуелно разликата е прилично видлива и дури и од првите скриншотови од Microsoft може да се каже дека Neon ќе изгледа многу подобро.

Досега веќе имавме видено дека во апликациите ќе се користи многу повеќе транспарентност, со ефект на заматување на позадината. Ова може да се види на освежената Groove апликација (претходно Groove Music), каде левиот дел е транспарентен и ја покажува позадината во заматен “bokeh” ефект.

Ова дава 3D димензија на досега прилично рамниот Windows 10, што е помогнато од границата од само 1 пиксел, која нежно го раздвојува прозорот од позадината. Исто така, сега во горниот дел нема “Title Bar” каде инаку го пишува името на апликацијата и каде се копчињата за гасење, минимизирање и зголемување/намалување на прозорот, туку тие ќе бидат ставени врз самата апликација.

Освежување ќе добие и таскбарот, кој исто така ќе има транспарентен ефект со заматување на позадината. Интересно, барем апликациите и програмите од Microsoft ќе имаат еднобојни икони, овој пат црни (некои од нив се бели во Windows 10 во моментов), кои треба да го смират претерано обоениот таскбар со најразлични икони, иако за ова ќе треба и останатите дивелопери да ги сменат своите икони за таскбарот да го добие целиот свој визуелен идентитет.

Project Neon дизајнот веројатно ќе пристигне подоцна во текот на годинава, со некоја од официјалните надградби за Windows 10. Секако, како и досега Insider корисниците ќе можат да го испробаат неколку месеци порано.

Извор: ARS Technica, Know Your Mobile, ZDNet

Претходна статија„Зелените“ канцеларии ја зголемуваат продуктивноста кај вработените
Следна статијаФилмска Магија: Сите добитници на Оскар за најдобри визуелни ефекти (видео)