Најпопуларниот десктоп оперативен систем наскоро ќе добие визуелно освежување. Project Neon ќе го донесе потребниот сјај на системот, кој сега изгледа претерано минималистички и еднобојно, што не им се допаѓа на поголемиот дел на корисници (иако јас сум од другата страна).

Новиот дизајнерски јазик ќе донесе повеќе транспарентност кај отворените прозорци – преку апликациите ќе може да се гледа што има позади, но со голема заматеност. Ова е дизајн сличен на многу елементи во iOS мобилниот оперативен систем на Apple и кој дава 3D ефект на плиток фокус на отворениот прозор. Според фотографиите, оваа промена ќе го трансформира Windows 10 од прилично рамен 2D оперативен систем, во систем со поголема длабочина. Project Neon треба да донесе и поинтересни анимации – актуелните во Windows 10 се прилично стандардни и се само еволуција на тие од Windows 7 и 8.1.

Првата апликација со Project Neon е Interop Unlock Tools, која овозможува пристап до регистрите за уредите со Windows 10 и Windows 10 Mobile. Ова е и првиот дивелопер кој јавно ги покажа своите Project Neon дизајни за апликацијата, за што можеме да му бидеме многу благодарни. Во иднина, се очекува сите дивелопери да се префрлат на новиот дизајнерски јазик и тоа веројатно ќе се случи по лансирањето на Creators Update надградбата за Windows 10.

Сите кои сакаат од прва рака да го испробаат новиот дизајн тоа можат да го направат со симнување на апликацијата тука. Напомена дека таа може да се инсталира само на компјутери со Insider верзии на Windows и дека е бета верзија, па препорака да не ја користите за посериозни работи освен за да проверите како изгледа.

Извор: Windows Central, Neowin, Digital Trends

Претходна статијаTesla Motors ќе се вика само Tesla
Следна статијаApple продаде повеќе смартфони од Samsung во последното тримесечје на 2016 година