Windows 10 October 2018 Update е најновата поголема надградба за оперативниот систем, кои ги има два пати годишно, што значи оваа е последна за 2018. Истата е достапна за сите корисници, па можете од вчера кога сакате и да ја инсталирате.

За разлика од претходните надградби, оваа треба најбрзо до сега да стане достапна на повеќето корисници, а за тоа е заслужна вештачката интелигенција која Microsoft најави дека се користи за пуштање на надградбата.

Во основа, вештачката интелигенција проценува на кои уреди може да се појават потенцијални проблеми, а кај кои не, па врз основа на таа проценка ја пушта надградбата на корисниците. Тоа ја трга потребата да Microsoft постепено ја пушта, па зависно од успешноста, продолжи етапно да ја пушта на останатите корисници.

На нашиот компјутер надградбата е веќе достапна и истата ја инсталиравме без никакви проблеми. Времето за кое истата се инсталира е и до неколку часа, меѓутоа промените кои ги направи Microsoft за инсталација, овозможуваат да можете да продолжите да го користите компјутерот во тој период, па само краток дел од инсталацијата ќе мора да се инсталира со рестартирање на уредот.

Што да правите ако надградбата се’ уште не е достапна ?

Доколку би сакале што побрзо да ја инсталирате надградбата, меѓутоа Windows Update се’ уште не ви ја покажува, прво што треба да направите е да проверите едно прилагодување на следната локација:

Settings > Update & Security > Advanced Options.

Во овој дел ќе видите опција која го носи името „Choose when updates are installed“, која овозможува две можности, односно Semi-Annual Channel (Targeted) и Semi-Annual Channel. Доколку сакате што побрзо да ја добиете надградбата, треба да бидете на Targeted каналот.

Доколку повторно не сте на ред за надградбата, тогаш најдобро е да го посетите овој линк и од тука да ја започнете надградбата. Изберете Update now доколку сакате да го надградите вашиот компјутер или Download tool now доколку сакате да направите USB „стикче“ со надградбата за целосно нова инсталација на оперативниот систем.

Претходна статијаПрвата миризлива Mastercard дебит бесконтактна картичка на Еуростандард Банка
Следна статијаMicrosoft го претстави Surface Pro 6 со најновата генерација од Intel процесорите и црна боја
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.