Неодамна објавивме дека Creators Update надградбата за Windows 10 ќе почне да се инсталира кај сите корисници на 11 април, но оние кои не можат да дочекаат дотогаш, можат да ја симнат веќе на 5 aприл и да направат надградбa или пак чиста инсталација.

Поточно, сите корисници кои имаат Windows 10 со инсталирани сите надградби досега, ќе можат да ја инсталираат Creators Update преку Update Assistant. Од Microsoft велат дека надградбата ќе биде достапна само кај корисниците со лиценцирана копија, но како и досега, мислам дека проблем нема да имаат ниту оние со нелегална активација на Windows 10.

На 11 aприл инаку почнува официјалната надградба, но тоа не значи дека вашиот компјутер веднаш ќе ја добие. Од Microsoft нагласуваат дека први уреди кои ќе добијат се поновите, кои сте ги купиле со веќе инсталиран Windows 10, па потоа надградбата ќе ја добијат и другите уреди. Ова може да потрае неколку месеци, исто како што беше случајот со Anniversary Update, а причина за тоа е што има преку 400 милиони десктоп, лаптоп и таблет компјутери со 10-ката.

Затоа, погоре и реков за нетрпеливите да го симнат Windows Update Assistant, бидејќи времето на чекање за новата надградба може и да се продолжи.

Creators Update инаку донесува низа промени кои можат значително да го подобрат корисничкото искуство и да го направат системот постабилен, како и безбедносни подобрувања.

Извор: TechRadar, Windows Central, The Verge

Претходна статијаНеколку начини за проверка на велосипедот пред да се вклучите во сообраќајот
Следна статијаGalaxy S8 може да пушта музика на два пара Bluetooth 5.0 слушалки одеднаш