Наскоро, поточно на 11 април, сите корисници кои имаат Windows 10 на своите десктоп, лаптоп и таблет компјутери, како и оние со Windows 10 Mobile смартфони, ќе ја добијат новата Creators Update надградба, која донесува неколку важни подобрувања во корисничкото искуство.

Ние веќе ги покривме сите новитети кои ќе ги донесе Creators Update. Се работи за поголема надградба, која како што кажува името е пред сѐ насочена кон креаторите. Тука пред сѐ се мисли на новата Paint 3D апликација, но голем бенефит од оваа надградба ќе имаат и гејмерите. Имено, сега ќе може директно да се „стрима“ видео од играта која ја игра корисникот, без потреба од инсталирање дополнителен софтвер, а “Game Mode” ќе ги подобри и перформансите во игрите.

Подобрувања има и во Edge прелистувачот, а за оние кои го користат својот компјутер длабоко во ноќта, добредојдена е опцијата Night Light, која ја намалува сината светлина и со тоа му овозможува на корисникот потоа полесно да заспие. Како и секогаш, се зголемуваат можностите на Cortana, која може да ве потсети на друг уред дека имате да продолжите незавршен документ или сесија од Edge прелистувачот.

Во старт менито, како и кај Windows 10 Mobile, сега се достапни фолдери со живи плочки, кои сигурно ќе го олеснат организирањето на апликациите. Исто така, делот за подесувања доби нов дизајн и подобри распределени сетинзи, во кои ќе биде многу полесно да се снајдат корисниците.

Надградбата ќе биде достапна за сите корисници на Windows 10 и неа би требало да ја добиете автоматски, поточно компјутерот ќе ве потсети дека треба да го рестартирате компјутерот за да се заврши. Оние кои работат во компанија и чиј компјутер има Windows 10 Enterprise, веројатно ќе треба да почекаат одобрување на надградбата од својот IT оддел.

Извор: The Verge, TechCrunch, Windows Blog

Претходна статијаSamsung ги претстави новите Galaxy S8 и S8+ – паметни телефони за кои не постојат граници
Следна статијаSamsung ги претстави Galaxy S8 и S8+, најнапредните Android смартфони досега