microsoft-moonraker-colors-hero

Од сите големи играчи на мобилната сцена, само Microsoft остана без паметен часовник, ако не го сметаме тука Microsoft Band, кој е пред се наменет за следење на фитнес активностите. Сепак, тоа не значи дека не спремале таков модел, чие кодно име е Moonraker и кој неодоливо изгледа на Apple Watch.

Секако, сега ќе помислите дека Microsoft ќе се обидел да го ископира дизајнот на најголемиот конкурент на пазарот, но вистината е дека Moonraker е уред кој е развиван пред часовникот на Apple, па таа констатација би требала да биде и обратна. Имено, доколку беше лансиран, уредот ќе требаше да биде достапен со Lumia 930, паметен телефон кој е веќе две години на пазарот.

microsoft-moonraker-ui-splash

Дизајнот неодоливо потсетува на Lumia телефоните и доаѓа во повеќе различни бои. Корисничкиот интерфејс е минималистички, како оној од Windows Phone, а вградени се сензори кои ќе овозможат вклучување на екранот со самото подигање на раката.

Сепак, според изворите, недостасуваат неколку сензори за фитнес следење, но тоа е очекувано за паметен телефон од пред две години. Од друга страна, Moonraker има можност за користење на многу апликации кои се достапни на самиот телефон, барем од она што можеме да го видиме на фотографиите.

microsoft-moonraker-ui-art

Оваа новост не значи дека Microsoft дефинитивно ќе лансира паметен часовник, особено поради тоа што сега повеќе вложуваат во фитнес часовникот Band, кој кон крајот на годинава треба да ја доживее и втората генерација и со нејзе да донесе низа подобрувања.

Извор: Windows Central

Претходна статијаPhilae се разбуди!
Следна статијаКомпанијата RealDoll работи на пореалистични секс-кукли