2938231

Виртуелен секс – се` уште бедна замена за вистинскиот. Сепак, развитокот на технологијата неизбежно ќе доведе до подобрување и во овој домен, па во иднината ќе може да очекуваме реалистички секс кукли кои ќе имаат напредна интеракција со своите сопственици.

Токму тоа сакаат да го постигнат од компанијата RealDoll која веќе од 1996 година произведува и продава секс-кукли. Имено, од компанијата им се здосадило веќе да прават кукли кои немаат никаква интеракција и седат во позицијата во која сте ги оставиле. Затоа тие во спој со една друга компанија, Hanson Robotics, која се занимава со роботика и вештачка интелигенција (ВИ), планираат да развијат секс-кукли со напредна интелигенција.

Тоа би значело дека куклите ќе можат да одговараат на прашања, да го движат телото соодветно на контекстот и во секој случај да бидат „поживи“. Дополнително, од RealDoll работат на апликација и Oculus Rift опкружување за да можете да комуницирате со ВИ-то на својата кукла и кога не сте до неа.

Според МекМулен, сопственикот на RealDoll, „ВИ, програмирање на специфичен персоналитет. Што таа ми кажува? Дали таа ужива? … Ако можеш да ја создадеш таа илузија, тоа искуство, тогаш ова ќе биде многу поимпресивно достигнување. … (ВИ треба да биде доволно напредно и да не се збунува бидејќи; заб.) може да го уништи целото искуство … Ти треба таа илузија дека таа (куклата; заб) навистина зборува со тебе. Дека има свесност“.

Создавањето на напредна генерална ВИ е се` уште домен во иднината, можеби во следните две-три децении, но ваквиот труд во ова поле најверојатно ќе доведе до потемелно и поспособно развивање на истата. Секс и порно индустриите се едни од најбогатите и најинтензивните кога се работи за било какви производи, па би било логично тие да придонесат значаен процент кон развивањето на ВИ.

Секако, треба да бидеме исклучително мудри и да не дозволиме да завршиме во спам-филтерот на идната ВИ, предпазливост која ја делиме со Елон Маск. Во меѓувреме, очигледно и режисерот на одличниот Ex_Machina го дели истото мислење.

Извор: Ars Technica, Engadget

Претходна статијаMoonraker – часовникот на Microsoft кој не го доживеа светлото на денот
Следна статијаЕлон Маск повторно во елемент – сака да направи мрежа од 4.000 Интернет сателити