bigstock-Best-Internet-Concept-of-globa-68957113

ОК, можеби е точно дека веќе околу Елон Маск не треба да се возбудуваме толку, со оглед на тоа дека овој претприемач-милијардер има поголеми соништа за човештвото отколку скоро сите други луѓе на Земјата. Веќе за него пишувавме дека сака да изгради метрополис на Марс, дека се плаши од напредната вештачка интелигенција, дека сака да изгради супербрз возен транспорт, дека преку Tesla понуди домашна и бизнис батерија далеку понапредна од било која батериска технологија денес и која има потенцијал да го револуционизира пазарот на електрична енергија, дека се обидува да направи ракети кои ќе можат да се вратат на Земјата од атмосферата… Може слободно да се каже дека неговото портфолио е и повеќе од исполнето и дека не би имал проблеми да најде работа било каде (ако било кога би му била потребна).

Сега Маск е повторно во елемент преку обзнанувањето на плановите на SpaceX да направи мрежа од 4.000 Интернет сателити кои би летале околу Земјата и би го направиле Интернетот достапен за сите. За оваа вест веќе пишувавме кога беше во најава, но сега од SpaceX поднесоа официјално барање до Светската телекомуникациона унија со седиште во Женева, и до Федералната комисија за комуникација на САД.

Идејата е сателитите да бидат сместени во ниска орбита, од прилика 1.100 километри над површината. Тие ќе бидат малечки и релативно евтини и заменливи со случај некој да се расипе, а би биле лансирани со ракетите Falcon кои се во производство од неговата SpaceX. Тие во главно би биле одговорни за далекусежни Интернет комуникации меѓу континенти, а само 10% од нивниот капацитет би се користел за локална Интернет комуникација.

Како и да е, сега сме во очекување да видиме како ќе одговорат регулаторите во овие домени и дали ќе му дадат на овој феномен да го брка сонот за подигнување на човештвото на повисоко цивилизационо ниво. Искрено се надеваме дека токму тоа ќе се случи земајќи ја предвид неговата репутација.

Извор: Space News, IFLScience

Претходна статијаКомпанијата RealDoll работи на пореалистични секс-кукли
Следна статијаНаше Такси во тек со новите технолошки трендови