За време на IFA 2022, Lenovo претстави очила кои се замислени да им донесат на корисниците голем екран пред нивните очи. Glasses T1 можат да се поврзат со било кој уред кој има USB-C порта, што значи дека може да се поврзе со PC, Mac, смартфони, таблет компјутери. За поврзување со iPhone сепак ќе мора да се користи посебен адаптер поради тоа што Apple никако да се реши да почне да го користи USB-C кај нивните телефони.

Замислата зад Lenovo Glasses T1 првенствено е да се користи од страна на корисниците кои често играат игри преку нивните смартфони, како и тие кои гледаат филмови и серии. Пренесувањето на оваа содржина на голем екран пред очите е нешто што сигурно ќе го промени корисничкото искуство, а посебно кога се нема можност за поврзување на уредот на поголем монитор или телевизор.

Од Lenovo ги замислуваат корисници на Glasses T1 како корисници кои често се во движење, па со овие очила тие ќе можат да носат екран со себе во џебот.

Покрај тоа, од компанијата истакнуваат дека нивните T1 очила се одлични и за ова време кога се почесто се работи надвор од канцелариите, па корисниците добиваат поголема приватност кога работат во јавност.

За поголема удобност од очила кои се замислени да се користат подолго време, Lenovo овозможува различни делови за носот, како и можност за прикачување на очила со диоптер.

Што се однесува до техничките карактеристики, Lenovo Glasses T1 имаат micro-OLED екран со што корисниците добиваат одличен контраст. Резолуцијата е 1920 на 1080 пиксели, односно FullHD, а тука би кажале дека можело да биде ставено нешто подобро. Исто така, стапката на освежување на сликата е со 60Hz.

На страните се вградени два звучници, па доколку корисниците немаат слушалки, можат да ги користат самите очила, но сигурно доколку се гледа некој филм, доста подобро би било да се користат посебни слушалки.

Lenovo Glasses T1 прво ќе бидат достапни во Кина, по што за во иднина се најавува достапност и на други пазари.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Lenovo
Претходна статијаПравосмукалката Samsung Bespoke Jet сега е достапна и во Македонија
Следна статијаSlice одржува отворен ден за кариера со можност за вработување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.