На 07ми септември со почеток во 15:00 до 19:00 часот во канцелариите на Slice во Скопје (наспроти Љуц, до Лимак Хотел) е организиран отворен ден за кариера во Slice.

Запознајте го тимот, почувствувајте ја атмосферата и уживајте во одлична пица забава. Дознајте како би изгледал вашиот работен ден, кој е тимот зад успехот на Slice и уште повеќе информации за бенефитите кои ги нудиме. Ако сте подготвени да се придружите на нашиот тим за продажба, ќе имаме брзи интервјуа и можност што не може да се пропушти – да бидете вработени на лице место.

Slice е глобална tech компанија со над 1.000 вработени и канцеларии во Њујорк, Белфаст, Дебар, Охрид и Скопје. Примарната цел на компанијата е да им помогне на локалните пица-ресторани во Америка да бидат конкурентни на пазарот, преку обезбедување на иновативна платформа за нарачување пица, но и техничка поддршка, советување и помош при работењето.

Во моментов, на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар истовремено остварувајќи директни соработки со над 17.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.

Придружи се на Slice тимот!

Претходна статијаLenovo Glasses T1 донесуваат голем екран пред вашите очи
Следна статијаGalaxy A53 5G: Телефон со одлични перформанси, елегантен дизајн и прифатлива цена