Скопје – 5 Септември 2022 година – Безжичната правосмукалка Samsung Bespoke Jet, која беше претставена и наградена на овогодинешниот CES, сега е достапна во Северна Македонија по препорачана малопродажна цена од  47.999,00 денари. Bespoke Jet доаѓа во минималистички и компактен дизајн, содржи бројни технолошки карактеристики и држач All-In-One Cleaning Station™ со кој овој елегантен уред претставува сеопфатно решение за чист дом.

Создадете здрава средина за момент

Новата безжична правосмукалка Bespoke Jet™ со држач All-In-One Clean Station™ што обезбедува хигиенско чистење со повеќеслоен систем за филтрирање од 99,999 проценти го носи чистењето на домот на ново ниво. Системот за повеќеслојна филтрација овозможува да се испушта само чист воздух и создава здрава животна средина. Како што воздухот се вшмукува, главниот циклон ги одвојува големите честички од прашина, кои потоа се собираат во метален мрежен филтер. Микрофилтерот потоа ги зафаќа ситните честички од прашина, а на крајот филтерот за ситна прашина ја фаќа микропрашината што лесно може да избега. Сите делови на филтерот се перат за да можат да се одржуваат хигиенски чисти. Стандардот All-In-One Clean Station™ им обезбедува на корисниците хигиена во просторијата за време на самото чистење. Кога е поврзан, држачот All-In-One Clean Station™ овозможува ефикасно празнење на резервоарот без ослободување на мали честички од прашина, сето тоа благодарение на Air Pulseтехнологијата. Исто така, истовремено, автоматски ја полни правосмукалката Bespoke Jet™.

Без разлика дали се користи на тврди подови или теписи, Bespoke Jet™ обезбедува ефективно чистење и генерира моќност на вшмукување до 210 W, сето тоа благодарение на дигиталниот инвертер мотор Samsung.

Со системот за филтрирање Jet Cyclone, корисникот може да ужива во почист воздух и голема моќ на вшмукување. Содржи високо-ефикасна, мулти-циклонска структура која создава оптимален воздушен пат за намалување на отпорот на воздухот и минимална загуба на вшмукување нечистотија, сè со цел хигиенски да се заробат малите честички од прашина што го оштетуваат здравјето.

Телото на правосмукалката Bespoke Jet™ тежи само 1,44 килограми, што е доволно лесно за маневрирање и чистење на целата куќа и разни површини како што се мебел за седење, маси, гардеробери, ролетни за прозорци, скали, па дури и оние тешко достапни места под апаратите за домаќинство.

Едноставно и сеопфатно чистење

Покрај неговите напредни спецификации, Bespoke Jet™ содржи батерија со голем капацитет која е доволно силна за да работи до еден час без прекин. Дополнително, овозможува правосмукалката да одржува 70 проценти од своите оригинални перформанси до 500 циклуси.

Со цел да се олесни чистењето на тврдите површини, со правосмукалката Bespoke Jet™ можете дополнително да купите уште еден многу корисен додаток – подобрениот Spray Spinning Sweeper додаток. Оваа екстензија содржи двојни ротирачки влажни влошки кои ротираат до 100 минути и на тој начин обезбедуваат стабилно и ефективно чистење на тврдите површини. Подобрениот Spray Spinning Sweeper има резервоар за вода од 150 милилитри кој лесно се одржува, обезбедувајќи поудобно корисничко искуство за рачно прскање вода при чистење.

Правосмукалката Bespoke Jet™ отвора нова и модерна ера на апарати за домаќинство. Прифаќајќи ја филозофијата на веќе препознатливиот бренд Bespoke на Samsung, стилската безжична правосмукалка Bespoke Jet™ е дизајнирана совршено да се вклопи во секој дом, овозможувајќи им на своите корисници да ја стават правосмукалката во дневната соба без да го нарушат целокупниот внатрешен дизајн.

Samsung Bespoke Jet е достапен по препорачана цена од  47.999,00 денари. Повеќе информации за самиот уред можете да најдете на следниот линк.

Претходна статијаSamsung рекламира иновации за кои кажува да не ги очекуваме кај iPhone наскоро
Следна статијаLenovo Glasses T1 донесуваат голем екран пред вашите очи