Фото: Shutterstock.com

Очекуваните и веќе подолго време најавувани промени на закон во ЕУ, се официјално донесени и истите ќе почнат да бараат од производителите на помалите уреди да почнат да користат еден стандарден конектор за полнење. Тој конектор секако е USB-C, а повеќето производители веќе и го користат.

Ова можеби и немаше да биде толку голема вест да не беа Apple, кои уште одбиваат да се откажат од нивниот Lightning конектор кој повеќе имаше логика пред преставувањето на USB-C и поновите USB стандарди за пренос на податоци и енергија.

Според промените во законот, до есента во 2024 година, уредите како мобилни телефони, таблет компјутери, електронски читачи на книги, слушалки, дигитални камери, мали играчки конзоли и преносни звучници, ќе мора да го користат USB-C конекторот за нивно полнење.

Од ЕУ оваа одлука ја правдаат преку тврдењето дека на овој начин ќе се намали електронскиот отпад, корисниците ќе имаат полесен избор, а исто така ќе заштедат доста пари на полначи и кабли.

За Apple можевме да прочитаме дека веќе тестираат користење на USB-C кај iPhone, па најверојатно iPhone 14 оваа година ќе биде и последниот кој ќе користи Lightning конектор, па почнувајќи од iPhone 15, кој ќе биде претставен во 2024, полнењето ќе се прави преку USB-C.

Apple веќе се име префрлено на USB-C кај поновите iPad уреди, како и MacBook компјутери. Се верува дека главната причина за продолжување да се користи Lightning кај iPhone се додатоците кои ги има многу за овој телефон, а за кои Apple наплаќа за можноста да работат на нивниот конектор.

Како и да е, корисниците од 2024 година веќе нема да мора да се мислат многу дали нивниот уред може да се полни со некој кабел, а Apple корисниците конечно ќе можат да почнат да ги користат полначите од нивните Android пријатели.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаРСБСП: Бидете одговорни велосипедисти, редовно почитувајте ги сообраќајните правила и прописи
Следна статијаНа кои уреди ќе можат да се инсталираат новите верзии од оперативните системи на Apple претставени оваа недела
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.