Apple оваа недела ја одржа својата позната конференција WWDC 2022 и на истата беа претставени наредните верзии од нивните оперативни системи. Претставени беа iOS 16 со целосно нов „заклучен екран“, iPadOS 16 со новата Stage Manager функција, која исто така е една од поголемите новини кај macOS Ventura, а беше претставен и WatchOS 9 кој донесува повеќе новини кај апликацијата за вежбање и за спиење.

Овие нови верзии ќе можат да се инсталираат на повеќето Apple уреди, но сепак не на сите кои се уште во употреба. Во главно се поддржани уредите од изминатите 5 години, па во продолжение прочитајте дали вашиот уред е еден од нив.

iOS 16 ќе може да го инсталираат сопствениците на iPhone 8 и понов, што значи дека доколку користите iPhone 7, iPhone 6s или првата генерација од iPhone SE, вашиот уред ќе мора да остане на iOS 15.

iPadOS 16 нема да може да го инсталираат сопствениците на iPad mini 4 и iPad Air 2, што значи ќе мора да имате уред понов од овие два.

WatchOS 9 ќе може да се инсталира на Watch Series 4 или понов, додека macOS Ventura ќе може да се инсталира на следните компјутери:

  • iMac, 2017 и понов
  • Mac Pro, 2019 и понов
  • iMac Pro, 2017
  • Mac mini, 2018 и понов
  • MacBook Air, 2018 и понов
  • MacBook, 2017 и понов
  • MacBook Pro, 2017 и понов

Можноста за надградба за компатибилните уреди се очекува стандардно во есен, а првите јавни бета верзии, достапни за сите корисници, ќе станат достапни од идниот месец, па тие што не сакаат да чекаат, ќе можат да ги пробаат порано.

Претходна статијаЕУ ги донесе законските измени врз основа на кои производители на мобилни и други мали уреди ќе мора да користат USB-C
Следна статијаNothing ќе го претстави нивниот прв смартфон на 12 јули
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.