Основачот на Nothing Карл Пеи, кој е познат како еден од основачите на OnePlus, на настан во март најави враќање на иновациите кај смартфоните, оставајќи големи очекувања кај корисниците.

Phone (1), наводно ќе биде телефон кој ќе донесе своја револуција на пазарот, ќе го прекине недостатокот на иновација кој го има според Пеи и ќе им овозможи на корисниците повеќе инстинктивно користење на уредите.

Ние уште сме скептични дека тоа што ќе биде претставено од Nothing ќе биде нешто посебно различно од тоа што веќе го гледаме на пазарот, но после толку најави, очекуваме дека ќе има неколку интересни работи кои ќе го направат Phone (1) нешто поуникатен производ.

Телефонот беше најавено дека ќе биде претставен ова лето, па конечно ја имаме и точната дата. Настанот, кој ќе се одржи во Лондон и ќе биде пренесуван во живо, ќе биде на 12 јули, односно вторник со почеток во 17:00 часот по македонско време.

Во поканата за настанот повторно се зголемуваат очекувањата за телефонот, па се истакнува:

„Phone (1) е покана да откажете. Отследите. И да го одучите тоа што пазарот ве има научено. Nothing (настан): Вратете се на инстинктот. Вторник 12 јули, 17:00.“

Не е многу познато од аспект на карактеристиките кои ќе бидат дел од овој телефон, за разлика од другите претставувања, за ова не видовме ниту една голема неофицијална најава.

Тоа што е познато е дека телефонот ќе работи на некој Snapdragon чип, би требало да има проѕирна позадина, како што е случајот со првиот производ од Nothing, слушалките Ear (1), а ќе работи на посебна верзија од Android наречена Nothing OS која веќе делумно може да се проба во форма на „launcher“ апликација која е достапна во Play Store.

Без разлика на очекувањата, настанот ќе го следиме и баш не интересира што интересно ќе биде претставено.  

ИЗВОРNothing
Претходна статијаНа кои уреди ќе можат да се инсталираат новите верзии од оперативните системи на Apple претставени оваа недела
Следна статијаVivaldi додаде имејл клиент во нивниот прелистувач
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.