Еден од основачите на познатиот OnePlus бренд, Карл Пеи, започна со работа со нова компанија во Лондон наречена Nothing. Доста големи најави доаѓаат од основачот и директор на оваа компанија чиј прв производ се безжични слушалки од категоријата кои се ставаат во ушите.

Името на слушалките, кое беше и претходно најавено, е Nothing Ear (1), а веднаш по нивното претставување стана јасно дека главното внимание нема да биде насочено само кон карактеристиките на овие слушалки.

Ear (1) доаѓаат со дизајн во стилот на AirPods од Apple, но со делови кои се проѕирни и овозможуваат да се види внатре во компонентите од слушалките.

Тежината на слушалките е исто така мала, па со 4,7 грама тие не би требало да влијаат негативното на чувството во увото и при повеќе часа на користење.

Карактеристиките на Nothing Ear (1) исто така не се за потценување, односно ги ставаат слушалките во повисоката класа. Тие доаѓаат со активно придушување на вревата, нешто што е клучно за квалитетен звук, а се истакнува дизајнот направен од страна на Teenage Engineering.

За придушувањето на вревата, но и за правење на телефонски повици, поставени се три микрофони, а исто така со помош на вештачка интелигенција се прави придушување на вревата од околината за почисти разговори.

За разлика од другите вакви слушалки, Ear (1) доаѓаат со доста поголема кутија за чување и полнење која овозможува до 34 часа на користење, доколку не е вклучено придушувањето на вревата, односно до 24 часа доколку е вклучено.

Самите слушалки можат да работат од 4 до скоро 6 часа, зависно од вклучените функции и начин на користење.

Цената на Nothing Ear (1) е исто така нестандардна, односно прилично ниска за тоа што се добива, барем на хартија. Тие ќе се продаваат за 99 долари, а ќе бидат достапни од крајот на овој месец.

ИЗВОРNothing
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаПрославете ја спортската сезона со спортските дизајни на HUAWEI WATCH 3 серијата
Следна статијаКорисниците на Македонски Телеком меѓу првите во Европа со можност за припејд eSIM решение
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.