Nothing вчера го одржа својот настан на кој се очекуваше дека ќе биде претставен првиот смартфон од компанијата, па така и испадна, барем до некаде. Телефонот, кој ќе се вика Nothing Phone (1) беше само најавен, а основачот на компанијата Карл Пеи повеќе се осврна на плановите и што треба да се очекува од овој телефон, кој ќе биде претставен ова лето.

За Phone (1) не беше кажано многу, освен тоа дека ќе работи на Snapdragon чип, но не знаеме кој, а исто така беше прикажан мал дел од Nothing OS системот направен на основа на Android. Nothings OS треба да биде помал „скин“ на Android, односно се очекува доста брза работа, без непотребни апликации и додатоци. Како што можеше да се види од презентацијата, корисничкиот интерфејс ќе го има стилот кој го започна компанијата, односно пиксел точки како постарите часовници и слично.

За телефонот се очекува дека ќе биде направен во сличен стил како првиот производ од компанијата, Nothing Ear (1) слушалките, кои имаат проѕирни делови, а сигурни сме дека вакво нешто на смартфон ќе изгледа уште поинтересно.

Тоа што остави голем впечаток од презентацијата на Карл При, кој е познат и како ко-основач на OnePlus, е неговиот став дека пазарот веќе одамна нема иновација, па само се пуштаат нови верзии од смартфоните со поголем екран и слични промени. Тој говореше како ги користел производите како iPhone кога првпат беше претставен и слични производи кои го променија пазарот.

Сепак, најавите дека Nothing на пазарот ќе донесе голема иновација со нивниот смартфон кој работи на Android, делува некако претерано. Телефонот можеби ќе дојде со интересен дизајн, можеби ќе работи брзо, а ќе може и лесно да се поврзува со повеќе производи, меѓу кои и AirPods и Tesla автомобилите, но што е тоа што навистина ќе биде иновативно до ниво на претставувањето на првиот iPhone.

Nothing Phone (1) сме сигурни дека ќе биде добар производ, но ќе видиме дали ќе успее да се пробие на пазарот кој во главно го држат неколку компании, а многу се откажаа.

Интересно, од презентацијата можеше да се заклучи дека Phone (1) ќе има за цел да му конкурира на Apple, а не толку на останатите Android смартфони. Ова поставува големи очекувања, а посебно кога е во прашање дизајнот и квалитетот на изработка на телефонот, како и неговите перформанси.

Целата презентација можете да ја погледнете во продолжение.

ИЗВОРNothing
Претходна статијаДенеска се одржа ITALIAN DESIGN DAY 2022: „Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина“
Следна статијаНајголемиот гејминг настан за оваа година „MESA Spring Fest “ ќе се одржи овој викенд со физичко присуство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.