Nothing компанијата, за која уште веруваме дека нема да претстави ништо толку револуционерно како што најавуваат, претстави „Launcher“ апликација преку која сака да им даде претстава на корисниците каков ќе биде нивниот Nothing OS.

Nothing OS е оперативниот систем на кој ќе работи нивниот прв смартфон, Phone (1), кој треба да биде претставен ова лето. Од компанијата, поточно основачот и поранешен ко-основач на OnePlus Карл Пеи, најавува доста подобар телефон од тоа што обично се претставува на пазарот, а посебно внимание посвети на конкуренцијата со Apple.

Nothing Launcher апликацијата, која е во бета фаза, сега е достапна за многу повеќе телефони за разликата од првата верзија која им беше достапна само на корисниците на Samsung Galaxy S21 и S22, како и на Pixel телефоните од Google.

Апликацијата сега е достапна за сите уреди кои работат на Android 11 или понова верзија, што значи дека повеќето корисници можат да ја пробаат доколку ги интересира како би изгледало користењето на Nothing Phone (1), барем од аспект на кориснички интерфејс.

Корисниците кои веќе користат вакви апликации не веруваме дека би им се допаднала оваа апликација нешто посебно. Истата не нуди нешто посебно многу опции, а како што истакнавме таа е тука да го прикаже корисничкиот интерфејс на Nothing OS.

Кај Nothing Launcher посебно се истакнува можноста за зголемување на иконите и папките на главниот екран, а од компанијата истакнуваат дека тоа е одличен начин да се истакнат апликациите кои најчесто се користат.

Исто така, тука е и дизајн стилот кој го користат од компанијата, како кај постарите „led“ уреди, а ова е нешто што на корисниците може и да не им се допадне, но тука е предноста на Android, тоа секогаш може да се промени со алтернатива.

Nothing Launcher апликацијата можете да ја симнете тука.

Претходна статијаСеавус на 19 мај во Ниш ќе одржи експертски панел за Front-end технологии
Следна статијаМакедонскиот филм „Преекспонирано“ во рацете на агентот за продажба The Open Reel
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.