Првиот смартфон од ко-основачот на OnePlus, Карл Пеи, можеме да го очекуваме ова лето, а поточна дата не беше дадена за време на најавата на овој уред минатиот месец.

Тоа што остави голем впечаток на презентацијата од страна на Карл Пеи е големите очекувања кои ги поставува, но ништо од тоа што го гледаме не ни остава впечаток дека ќе ја видиме наредната револуција кај смартфоните, со претставување на уште еден смартфон, во главно сличен на другите.

Како и да е, Карл Пеи смета дека ќе ги реши голем дел од проблемите кои ги имаат денешните смартфони, како ограниченост во една платформа, а тука веќе стана јасно дека Nothing сака да им конкурира на Apple.

Главниот фактор во корисничкото искуство кое го најавуваат од Nothing ќе биде оперативниот систем Nothing OS. За да им покажат на корисниците што е тоа што може да го очекуваат, од компанијата го пуштија Nothing Launcher, апликација која го менува главниот екран, иконите, анимациите и слично.

Nothing Launcher е достапен преку Play Store, но само за корисниците на Galaxy S21 и S22, како и на Pixel 5 и понови, а од компанијата најавуваат поддршка и за телефоните од OnePlus.

Првата работа која ја истакнуваат за Nothing Launcher е можноста за зголемување на иконите и папките на главниот екран, со што ќе бидат повеќе истакнати тие кои најчесто се користат. Тука се и „виџетите“ направени во стилот на Nothing со нивниот фонт, а ова е нешто што не им се допаѓа баш на сите.

Доколку сте корисник на поддржан телефон и веќе си имате „играно“ со launcher апликациите, како Nova Launcher на пример, пробајте го и Nothing Launcher преку овој линк.

ИЗВОРNothing
Претходна статијаGoogle ќе овозможи криење на реклами на теми на кои некои корисници се чувствителни
Следна статијаАкционерите на Activision Blizzard ја одобрија понудата на Microsoft за купување на компанијата за 68,7 милијарди долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.