binauric-open-ears-designboom01-818x545

Во светот на аудиото работите се (наизглед) едноставни. Имаме две уши кои ни помагаат да го спознаеме просторот околу нас. Кога би се сместиле две слушалки на нашите две уши тогаш би можел да се симулира целиот звучен простор околу нас, нели? Сепак, не е баш така едноставно.

Увото е специјално градено, со посебни бразди кои создаваат каснења и изменувања на структурата во звучниот дијапазон за да може мозокот да направи разлика и да познае од каде доаѓа звукот – напред, назад, горе, доле, лево и десно. Сето ова мозокот може да го распознае со само две уши, што е навистина неверојатно, но во исто време го прави многу тешко за снимање. Така е поради тоа што сите овие разлики мора да се снимат низ вештачки модели на уши со микрофони во внатрешнината за да се фати прецизната звучна слика (т.н. бинаурално снимање).

За да го решат овој проблем доаѓаат Binauric со својот Kickstarter проект за OpenEars – слушалки кои во исто време имаат микрофон на себе и можат да снимаат бинаурално бидејќи се поставени во вашите уши.

OpenEars се поврзани со Bluetooth па се безжични, а во исто време имаат и модус на работа наречен HearThrough со кој се овозможува надворешните звуци фатени со нивниот микрофон да се пуштаат во исто време со други звуци, како на пример музика, и да овозможат директно мешање за да се избегнат несреќи или да се има интеграција на тоа што сакате да го слушате со тоа што е надвор.

Screen_Shot_2015-06-15_at_5.22.45_PM.0

Ваквата опција понатаму ќе се развие и во менување и процесирање на звукот кој доаѓа од надвор, па дури и негово поништување (со помош на техниката на контрафаза). За жал за нив се` уште треба да имате посебен хардвер, во смисла на внесот, за да може да се снимат, бидејќи е потребен двоен стерео сигнал од двата микрофона.

Засега вашиот телефон не го поддржува овој стандард, но да се надеваме дека во иднината ќе се вгради и компатибилност кон него. Затоа тие имаат направено апликација со чија помош можете да го снимите сигналот, но за жал, не можете да ги користите директно во секоја апликација.

Во секој случај, интересен концепт за хибридни слушалки-микрофони на кои веруваме ќе се израдуваат многу аудиофили и аудио инженери, кои можеби ќе имаат малку негодување околу цената бидејќи ќе се продаваат за 225 долари.

Извор: The Verge, DesignBoom, Kickstarter

Претходна статијаЗа прв пат снимена смртта на белите крвни зрнца
Следна статија3Д печатење на цел мост? Наскоро со помош на Kickstarter