Имунолошкиот систем врши многу битна улога за нашиот организам, штитејќи не` од патогени организми и други лоши појави кои би можеле да направат поголема штета. Сепак, овој систем не е семоќен па понекогаш се случува да не е доволно силен.
Дел од имунолошкиот систем се белите крвни зрнца кои во борбата со патогени организми понекогаш ја губат битката и умираат. Досега се мислеше дека распадот на белите крвни зрнца е случаен процес, но со најновата снимка која само што беше направена, се покажа дека нивната смрт е доста интересен и разгранет процес.
Процесот се дели на 3 дела. На почетокот клетката се „дува“ и зголемува во големина. Потоа клетката експлодира, и на крајот се прават мали делчиња кои се одделуваат од клетката. Ваквите структури кои изгледаат како бисери на ланче, се одделуваат и можеби вршат улога да ги предупредат другите имунолошки клетки за присуството на патогени организми.
Со помош на „фото-стоп микроскопија“ (time lapse microscopy), преку што се фаќаат стотици „фотографии“ во секунда, сега за прв пат е снимен овој процес, кој можете да го видите на горното видео.
Ако некогаш сте се прашувале како изгледа овој процес, сега имате шанса да присуствувате на распаѓањето на бели крвни зрнца. Токму тоа се случува на илјадници вакви клетки во вашиот организам кога се бори против разни вируси и бактерии.
Извор: IFLScience, Wired