557ee350e58ece699600002b_mx3d-to-3d-print-a-bridge-in-mid-air-over-amsterdam-canal_11_visual_location-530x357

Една компанија од Амстердам (MX3D) мисли дека печатењето на цели домови е веќе досадно, па сега е време да се печатат други, посложени структури. На пример, цел мост.

Нивната идеја е со помош на 3Д печатач (наречен Mataerial 3D Printer) кој може да оди во различни правци и кој ќе може да испечати цел мост целосно автономно. Би се активирале два вакви „печатачи“ кои би почнале со сложување на структурата на двете различни страни на мостот, и потоа да почнат да градат по што би се споиле на средината некаде.

Со печатење на повеќе линии од челик структурата би ја добила потребната цврстина, а како што роботот ќе оди понатаму ќе ја потпира својата тежина врз веќе испечатениот дел. Изградбата на овој мост ќе започне во септември, а самиот процес на печатење можете да го забележите во следното видео каде е анимиран изгледот во самото градење.

Не знаеме дали ова би можело да се нарече 3Д „печатење“ со оглед на тоа што изгледа дека се работи за просто заварување од оваа перспектива, но останува да видиме. Во секој случај, ова е храбар чекор напред кон развивањето на роботска технологија која ќе почне да гради секакви сложени структури во иднината.

Тоа секако носи подобрување од аспект на ефикасност на изградба, потрошена енергија и материјали, но во исто време носи замена на работници со роботи кои веројатно ќе останат без својата работа. Оваа етичка дилема човештвото ќе мора да ја реши наскоро ако не би сакало да се создадат повторно нови тензии кои овој пат би можеле да доведат до нов конфликт од огромни размери.

Извор: CNet, Kickstarter

Претходна статијаBinauric OpenEars – Хибридни 3Д микрофон-слушалки
Следна статијаFacebook Moments нема да биде достапна во Европа поради технологијата за препознавање на лица