Screen_Shot_2016-05-10_at_9.51.07_AM.0 copy

Идејата на Apple да го промовира iPad како замена за лаптоп компјутерите според овие нови информации и не е нова – тие уште од 2010 имаат поднесено неколку патенти за футроли за најпопуларниот таблет компјутер, кои имаат дополнителни дисплеи кои би требало значително да ја зголемат функционалноста на овие уреди.

Screen_Shot_2016-05-10_at_9.50.50_AM.0 copy

Од сите патенти, најинтересен е веројатно оној во кој на самата футрола е вграден уште еден голем и флексибилен дисплеј, кој може да се користи за цртање, како виртуелна тастатура итн или пак како додаток на хардверската тастатура во друг модел. За да прикаже слика, овој дисплеј најверојатно црпи енергија од батеријата на уредот, а секако го користи и процесорот – се работи за нешто слично на дополнителен, надворешен дисплеј за вашиот компјутер.

ipad-pro-cover-patent-3 copy

Во патентите има и Smart Cover кој има мал AMOLED дисплеј кој се гледа кога е затворен таблетот, а кој е веројатно наменет за прикажување на нотификации од таблетот. Apple има патентирано и слична идеја со e-ink дисплеи, кои ја опфаќаат скоро цела футрола и кои можат да прикажат многу повеќе информации, без да трошат многу од вградената батерија на таблетот, а исто така им и футрола со соларни панели, кои би се користеле за полнење на таблетот додека е затворен.

Screen_Shot_2016-05-10_at_10.03.00_AM.0 copy

На крај, Apple има патентирано и футрола со команди во задниот дел, оној што се витка како оригами за да го држи таблетот во место кога гледате филм или работите на него. Командите во задниот дел ќе бидат големи и ќе можат да се користат додека гледате филмови, но оваа идеја и не делува особено корисна, бидејќи истите команди се веќе достапни на самиот таблет, каде можете и лесно да ги видите.

ipad-pro-cover-patent-1

Сите овие патенти е тешко дека ќе го здогледаат светлото на денот – iPad Pro таблетите веќе се движат во друга насока која ја постави Surface серијата на Microsoft, односно имаат футроли со хардверска тастатура кои кога ќе се отворат, ги прават таблетите на Apple квази лаптопи.

Извор: MacRumors, The Verge, Digital Trends

Претходна статијаFacebook работи на ВИ која може да создава нова ВИ
Следна статијаAsus претстави четири моќни X99 матични плочи