ROG-Strix-Dora

За оние кои сакаат да направат нова супер моќна гејмерска машина или пак компјутер за работење со анимации и видео, изборот на матична плоча треба да падне на X99 плочите од високата класа наманети за Broadwell-E процесорите, а Asus има четири нови такви матични, кои имаат неколку можности кои особено ќе им се допаднат на гејмерите.

Како и скоро сите матични плочи од X99 класата и овие имаат можност за приклучување на осум рам плочки и три графички карти, со цел поврзување во SLI или CrossFireX, зависно дали корисникот ќе одбере Nvidia или AMD графика. Новите модели на Asus имаат и специјални PCI-e x16 слотови засилени со челик и се дополнително залемени кај пин конекторот, со цел полесна инсталација на големите графички картички.

media-1462890731999

Сите нови модели се опремени и со квалитетен аудио хардвер, кој треба да придонесе за помалку шум и подобар 5.1 опкружувачки звук во игрите. Најмоќната ROG Strix X99 матична доаѓа со нова SupremeFX аудио технологија, додека другите три матични имаат Crystal Sound 3 технологија. Сите матични се опремени со високо квалитетни транзистори за аудио системите.

Новите матични на Asus ќе бидат опремени и со USB 3.1 Type-C и ThunderboltEX приклучоци, кои овозможуваат вртоглави брзини на трансфер на податоците. Сите модели ќе бидат опремени и со посебна оптимизација за “overclock”, која преку 5 различни чекори го оптимизира ладењето на компонентите, зависно од тоа колку корисникот ќе го засили процесорот.

media-1462890771749

На крај, секако не помалку важно, трите помоќни матични ќе имаат можност за лесно поврзување на RGB лед ленти, со цел корисниците да можат добро да ја дотераат внатрешноста на својот нов гејмерски компјутер.

Подолу можете да ги видите и целосните спецификации за сите четири матични, преземени од Tom’s Harsware:

asus-x99-tabela

Извор: Tom’s Hardware, Techgage, Republic of Gamers – Asus

Претходна статијаApple има патентирано “Smart Cover” футроли за iPad со дополнителни дисплеи
Следна статија„Мртвиот“ мозок ќе може да биде „оживеан“ ?