repaired brain
Воскреснувањето стана возможно? „Мртвиот“ мозок може да биде „оживеан“

Некои делови од телото што не функционираат (правилно), не значи дека се мртви. Пациентот се прогласува официјално како мртов кога потполно ќе ја изгуби комплетната мозочна функција. Научниците повторно ќе го овозможат невозможното и ова ќе го докажат и за органот што управува со целото наше тело – мозокот.

Имено клетките во сивата маса што доживеале трауматска повреда и се трајно оштетени, не мора да значи дека се мртви. Истражувањето што допрва е планирано да се спроведе има за цел да го тестира новиот лек за трајни мозочни повреди. Биотехнолошката компанија Bioquark (Биокварк) лоцирана во Филаделфија наскоро ќе започне со првото до сега експериментирање по клинички пат оживувајќи ги пациентите со мозочна смрт.

slack-imgs-com1
Некои делови од телото што не функционираат правилно, не значи дека се мртви

Чуда се случуваат и ова не треба да не` зачудува затоа што кога е веќе возможно да се врати изгубената меморија, зошто да не е возможно да се врати функцијата на нервниот систем? Научниците се уверени дека „мртвиот“ мозок може да биде „оживеан“. Институционалниот одбор за ревизија (The Institutional Review Board) `и даде зелено светло на компанијата за да започне клинички обиди врз 20 пациенти кои биле прогласени како клинички мртви поради трауматска повреда на мозокот и се одржувани во живот на апарати.

Индискиот специјалист Д-р Иманшу Бансал (Himanshu Bansal) кој соработува со биотехнолошките компании Revita Life Sciences и Bioquark Inc им ја даде потребната етичка дозвола за да извршат тестирање дали некои делови од централниот нервен систем на испитаниците можат да бидат вратени во живот.

Тие за својот експеримент ќе употребат разновидни методи за да се обидат да ја стимулираат регенерацијата на мозокот. Една од техниките што планираат да ја испробаат е инјектирање на матични клетки директно во сивата маса со микстура од пептиди. Истражувачите исто така планираат да експериментираат и со некои до сега проверени начини на враќање на пациентите од кома, како што е ласерската технологија и технологијата за стимулација на нерви. „Мртвите“ волонтери ќе бидат мониторирани низ период од неколку месеци користејќи опрема за скенирање на мозокот, за успешно да се забележат сите знаци на регенерација, особено во горниот дел од ‘рбетниот мозок (најдолниот дел од мозочното стебло што го контролира независното дишење и чукањето на срцето).

Тимот верува дека слично како што гуштерите можат да ја регенерираат и повторно пораснат својата опашка и екстремитетите, слично и теоретски возможно е истото со човечкиот мозок и мозочните матични клетки. Научниците сметаат дека матичните клетки се во состојба да ја избришат нивната историја и да го започнат животот повторно, врз основа на ткивото што ги опкружува. Д-р Пастор се надева дека првите резултати ќе бидат видливи по само 2-3 месеци од започнувањето на студијата. Примарната цел на научниците е докажување дека нашиот мозок може да се регенерира, затоа што секоја клетка се регенерира секојдневно.

0fc9a0c0e51919aa2f0efe825dbea9d4480baaf7_2880x1620
Инјектирање на матични клетки директно во сивата маса?

Сепак, иако обидот не успее, достигнувањата до кои ќе се дојде со ова истражување, можат да помогнат во откривањето на лековите против трајно оштетување на мозокот. „Ова е наша долгорочна визија дека целосното исцелување кај ваквите пациенти е возможно, иако тоа не е во фокусот на оваа прва студија – но, ова е мост кон таа евентуалност“ – истакнува извршниот директор на Биокварк Д-р Ира Пастор (Ira Pastor). Од компанијата велат дека оваа студија може да има огромен придонес за подобрувањето или откривањето на нова терапија или пак, начините за спречување на некои невродегенеративни болести како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест за кои до сега не постои научно потврден лек.

Со помош на нашата студија ќе се здобиеме со уникатен увид во состојбата на човечката мозочна смрт, што ќе има важни врски за идниот терапевтски развој за други сериозни нарушувања на свеста, како што се комата, вегетативните и минимално свесните состојби, како и голем број на дегенеративни состојби, вклучувајќи ја Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест“ – заклучи Д-р Сергеј Пејлиан (Sergei Paylian), основачот, претседателот и главниот научен директор на Биокварк.

Научниците од Биокварк и сите нивни следбеници имаат уште многу непознат пат за одење и уште многу натамошни истражувања ќе бидат потребни за мозочната реанимација да стане дел од медицинското секојдневие.

Извори: Techradar, Teleghaph, Fortune

Претходна статијаAsus претстави четири моќни X99 матични плочи
Следна статијаПрви фотографии: новиот Moto X ќе биде модуларен како и LG G5, но со повеќе додатоци