5G, односно петтата генерација на технологијата за мобилни мрежи, е официјално завршен од страна на 3GPP, организацијата составена од повеќе компании кои работат на поставување на стандардите во мобилната индустрија.

Она што е завршено во основа го прави овој стандард „готов“ за употреба, па се што останува е имплементација од страна на операторите, производство на чипови и модеми, мобилни уреди и слично. Ова може звучи како едноставно, меѓутоа ќе почекаме неколку години додека овој стандард целосно почне да се користи.

Спецификациите за 5G стандардот беа завршени делумно уште од крајот на минатата година, меѓутоа сега се работи за спецификации за самостоен стандард, односно тој веќе не е зависен за работа како надградба на 4G мрежата.

Со оглед на напредокот на технологијата и веќе добрите перформанси на 4G технологијата, корисниците нема многу да можат да забележат разлика кога ќе почне да се користи 5G мрежата, односно разликата не е драстична како во случајот со 3G и 4G.

Сепак, оваа нова генерација ќе овозможи гледање на 4К содржина на мобилните мрежи, ќе се најде добро за уредите за изменета и виртуелна реалност и слично. Во основа, новиот стандард ќе дојде со уште поголем капацитет за проток на податоци, односно со поголема брзина, како и поголема стабилност и можност за непречена работа.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2VB
Претходна статијаИдните Surface Pen од Microsoft може да се полнат од светлината на Surface екранот
Следна статијаMicrosoft конечно ја донесува нивната SwiftKey на Windows 10 уредите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.