Пенкалцата кои доаѓаат со одредени уреди, како што е Surface Pro од Microsoft, работат на батерии, односно не се само обична замена за прстот како што е случајот често на мобилните уреди.

Иако едно вакво пенкалце не троши многу енергија, па обичната заменлива батерија сигурно не би требало да се менува со месеци, од Microsoft сметаат дека можат да направат да се добие прецизноста и функциите на ваквите пенкалца, без воопшто да треба да се мисли на нивната батерија.

Патентот којшто го имаат добиено укажува на една можност како би можело едно вакво пенкалце да функционира. Во патентот е прикажан еден вид на сончев панел, односно панел којшто добива енергија од светлината која е околу панкалцето. Кратко кажано, ништо ново и револуционерно.

Она што го разликува ова пенкалце од другите е што е направено така да неговото полнење е специјално направено да најдобро се прави со светлината од екраните, наместо од светлината во околината или од сонцето.

Панелите би биле поставени на врвот од пенкалцето со којшто се „пишува“, па на тој начин секогаш би биле најблиску до изворот на светлината, односно до екранот.

Во патентот е истакнато дека доколку екранот е наместен на својата најсилна можност јачина, пенкалцето побрзо ќе се наполни.

Додатна работа која е дел од патентот е и посебен „док“ во којшто пенкалцето може да се остава кога не се користи и дополнително да се наполни. Во докот би биле поставени LCD светла преку кои би се правело полнењето.

Дефинитивно интересен патент, па ќе видиме дали ќе биде дел од наредната генерација на Surface уреди кои треба да бидат претставени.

ИЗВОРDigital Trends
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаМакедонец е финансиски директор број 1 во Бугарија
Следна статијаЗавршени спецификациите за 5G стандардот со што се отвора просторот за негова имплементација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.