Користењето на технологијата во медицински цели не е ништо ново, напротив, безбедно може да се заклучи дека развојот на технологијата е посветен токму на служење на човекот и неговото здравје.

Кога се работи за прецизност, општо е познато дека машините можат да изведат особено комплицирани маневри доста подобро и попрецизно од луѓето. Па така, да речеме операција за вметнувањ на слушен апарат во увото на вистински пациент би било многу побезбедно да го изведе робот, отколку специјализиран доктор.

Колку и да звучи неверојатно, роботот може да направи 1,8мм широка дупка во човечкиот череп и да работи во простор од 2,5мм со цел да постави имплант, без капка пот. Сето ова звучи како научна фантастика,  доколку не знаеме дека токму ваква операција за прв пат беше изведена уште во јули минатата година.

Се работи за особено комплицирана операција, каде и најмалата непрецизност може да доведе до катастрофални последици. Од досегашното искуство, речиси една третина од пациентите кои биле подложни на ваков вид на операција изведена од страна на човек, завршуваат со оштетувања на слухот настанати токму за време на процесот.

За таа цел, науката даде свој допринос и ги понуди своите можности во служба на човекот. Тимот од хирурзи го изведе првиот дел од операцијата, отворајќи простор во пределот позади увото на пациентот и пронаоѓајќи безбедно место каде треба да се изврши дупчењето. Од таму, роботот превзема и ја започнува прецизната операција на вметнување на слушниот имплант.

Сеуште незамисливо е роботот да биде оставен сам на себе, па така, тимот хирурзи воспостави низа на „заштини механизми“ како и 3 засебни сензори кои го надгледуваат процесот. За сега, лекарите, како и научниците се задоволни од напредокот, но од минатата година до сега, изведени се само 4 вакви операции. Тоа е одличен почеток и покажува голем потенцијал, кој всушност ги мотивира научниците и лекарите заедно да работат на унапредување. Статистиката за сега е на страна на медицината, но не смее да се занемари фактот дека се работи за само 4 операции. Четирите операции беа дел од пробната програма, но индустријата работи на создавање на комерцијална верзија која ќе биде достапна секому, или барем на оние кои ќе имаат да платат.

Извор: Inverse

Претходна статијаТелевизија, интернет и фиксна линија – три месеци бесплатни пакети од Неотел
Следна статијаSony патентира безжично полнење меѓу два смартфони