Две недели по претставувањето на 125W полнач од страна на кинескиот Oppo, американскиот Qualcomm излезе со најновата генерација од својот стандард за брзо полнење на батериите во паметните уреди.

Од компанијата истакнуваат дека Qualcomm Quick Charge 5 доаѓа со 70% поголема ефикасност од Quick Charge 4, доста поголема брзина на полнење на батеријата и сето тоа со помало загревање на батеријата, што е многу важна карактеристика. Помалата температура при полнењето за разлика од претходната генерација од стандардот изнесува 10 Целзиусови степени.

Овој нов стандард го носи полнењето на батериите со полнач од 100W и нагоре, нешто што од компанијата истакнуваат дека е најбрзиот стандард кој е официјално достапен на пазарот.

Quick Charge 5 е замислен да им овозможи на корисниците целосно полнење на нивната батерија за само 15 минути, додека 50% од батеријата ќе може да се наполни за само 5 минути. Ова прави да фактот што никако да дочекаме напредок во технологијата на батериите, стане не толку важно, поради тоа што процесот на полнење ќе биде прилично краток, а посебно во споредба со постарите телефони.

Qualcomm Quick Charge е компатибилен со до втората верзија од стандардот, а исто така во најновата верзија станува компатибилен со уредите кои имаат две батерии, односно така ја прават поделбата.

За споредба, брзото полнење на Oppo се прави со полнач од 125W и од компанијата истакнуваат дека батерија со капацитет од 4.000 mAh може да се наполни целата за 20 минути, додека за 5 минути може да се наполни 41% од истата.

Qualcomm во нивните бројки не истакнуваат за колкава батерија се работи, но со оглед на тоа што полначот на Oppo има поголема енергија, сигурно во случајот на Qualcomm е за нешто помала батерија. Сепак се работи за доста големо подобрување и корисниците сигурно ќе ги видат предностите од истото.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Qualcomm
Претходна статијаОфицијален „трејлер“ од Samsung за нивниот настан на 5-ти август со петте уреди кои ќе бидат претставени
Следна статијаПогледнете: Официјален трејлер #1 – Samsung Galaxy Unpacked (август 2020)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.