tumblr_inline_nzepi7MRCk1tay4d7_1280

Авиони се рушат доста ретко, но најлошите вакви случаи се кога се работи за терористички напад со експлозив, најчесто сместен во делот за багаж. Затоа безбедноста на аеродромите се зголеми прилично во последните две децении, што воведе некоја иритација кај патниците.

Од друга страна, добро поврзани терористи би ги искористиле своите врски за да ја остварат својата цел и да срушат некој конкретен авион. Шансите да успеат се мали, но не непостоечки, да вметнат експлозивно полнење во некоја торба која би била сместена во делот за багаж.

За да се спречат несреќите во вакви случаи поради распаѓањето на структурата на авионот при експлозија тим на научници од ЕУ предводени од Универзитетот од Шефилд работат на создавање на антиексплозивен материјал наречен Fly-Bag кој би требало да ја задржи експлозијата и да не дозволи да го оштети авионот.

Материјалот е во форма на огромна „торба“ во која влегуваат другите торби и флексибилен, што му помага во апсорпцијата на ударот од експлозијата. Кога се рашируваат жешки гасови и парчиња материјал тие се удираат во ѕидот на Fly-Bag, но тој е така конструиран да го пренесе притисокот врз целата површина, ефективно неутрализирајќи го.

Во тестовите кои досега биле направени Fly-Bag успешно го задржува ударот за разлика од експлозија „на голо“ при која авионот е пробиен. Впрочем, можете да го видите експериментот на видеото погоре. Да се надеваме дека потенцијалните терористи кога ќе го видат ова ќе се откажат од каузата и ќе земат да работат нешто за пораснати луѓе во животот.

Извор: Ubergizmo, Yahoo

Претходна статијаБесплатно испробај ја апликацијата Pickbox на LG Smart TV
Следна статијаОдложена надградбата на Windows 10 за Windows Phone уредите