olli1

Olli е автономен минибус, односно самоуправувачки минибус кој ќе вози по улиците на Вашингтон. Тој може да собере до 12 патници, а исто така ќе работи на електрична енергија, односно не на моторите со внатрешно согорување.

Овој вид на транспорт може да се каже дека е иднината, барем на јавниот превоз. Поголем број на автономни, мали автобуси кои ќе ги пренесуваат луѓето до потребната дестинација, без влијание на возачите.

Она што е карактеристично за Olli е што тој ќе вклучува и дополнителен систем кој ќе биде наменет да им го подобри искуство на патниците. Се работи за познатиот Watson од IBM кој нема да биде задолжен за движењето на возилото, туку разбирање со патниците.

Watson, поточно IBM Watson Internet of Things (IoT) for Automotive ќе биде задолжен да разговара со патниците, односно да ги разбере каде сакаат да одат, да ги учи нивните навики, да им објаснува како ќе стигне до дестинацијата и како функционира самиот минибус.

Овој проект е направен како соработка помеѓу IBM и Local Motors, а покрај во Вашингтон, треба да се прошири и во друго градови во САД.

Извор: TechRepublic, TechRadar, ReadWrite

Претходна статијаMy Passport Wireless Pro е домашен “Cloud” хард диск, кој може да се поврзе преку Wi-Fi
Следна статијаРецензија: Lenovo Vibe C е солиден паметен телефон за оние со поплиток џеб
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.