teaser

Тим од повеќе научници од универзитетите на Erlangen-Nuremberg, Max-Planck-Institude for Informatics и Stanford University развија софтвер кој овозможува манипулација со изразот на лицата кој се наоѓаат во одредено видео.

Според многу коментари, оваа технологија значи крај на веродостојноста на видеата кои сега ќе може многу едноставно да се манипулираат без потреба од некое посебно познавање во областа на видео монтажа.

Во основа, оваа технологија го комбинира оригиналното видео кое е снимено, со видео од личноста која сака да го менува изразот. Тоа го прави со обична веб камера која прави 3Д модел од лицата на луѓето, односно едното на корисниокот и другото на оригиналното видео.

face1

Потоа, во видеото резултат од комбинацијата, на основата од лицето на оригиналното видео, се додаваа слој од корисникот, додека софтвер ги прилагодува цртите на лицето да одговараат на лицето во оригиналното видео.

Со тоа се добива навистина реално ново лице кое е многу тешко да се познае дека е променето на било каков начин, а технологијата тек ќе продолжи да се развива, па резултатите може да се очекува дека ќе бидат уште подобри и уверливи.

Во презентацијата на технологијата во видеото подолу, може да се види како се манипулира со изразите на лицата на поранешниот претседател Џорџ Буш, претседателот Владимир Путин, Барак Обама, а се разбира тука е и неизбежниот Доналд Трамп.

Извор: Stanford, The Verge, Engadget

Претходна статијаTwitter денеска го слави својот 10-ти роденден
Следна статијаiPhone SE – мали димензии, моќни компоненти, застарен дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.