201604iphonese-rsgld-3angles-lockscreen-pr-us-en-printjtx-1

Веќе неколку пати најавувавме за лансирањето на нов, 4 инчен iPhone и тоа конечно се исполни. SE има скоро целосно идентичен дизајн на iPhone 5 и 5Ѕ, со скоро идентични компоненти од iPhone 6S и 6S Plus – комбинација која го прави апсолутно најмоќниот мал смартфон на пазарот.

Од Apple велат дека овој телефон е резултат на барањето многу лојални купувачи, што го потврдуваат и со бројка – минатата година биле продадени преку 30 милиони iPhone 5S модели, што е повеќе од некои нови телефони од високите класи и одличен резултат за смартфон стар скоро три години.

gsmarena_007

Исто така, идејата зад SE е дека многу купувачи сакаат помал телефон и лично, искрено се надевам дека токму овој модел ќе ги врати помалите смартфони на сцената и ќе имаме избор на моќни телефони со димензии кои ќе овозможат управување со една рака без страв дека ќе се лизне телефонот.

Она што сепак зачудува кога прв пат кога ќе се погледне SE е неговиот дизајн, кој освен „мат“ страниците е целосно идентичен на оној на 5S. За Apple традиционалистите ова е веројатно добра работа, но веројатно ќе беше подобро и малиот iPhone да го добие софистицираниот дизајн на поголемите модели од серијата 6.

Она што го добива од големите модели, пак, се моќните внатрешни компоненти. Во превод, еден од најмоќните мобилни чипови, Apple A9 две 1.85 GHz Twister јадра и моќна PowerVR GT7600 графика со 6 јадра, која со оглед на тоа што треба да „вози“ само 1136×640 пиксели, многу помалку од скоро сите конкурентни чипови, дури и во споредба со iPhone 6S и 6S Plus, би требало да понуди исклучително високи перформанси.

201601screen-shot-2016-03-21-at-1.33.52-pmjt

Да, 4 инчниот дисплеј ќе биде веројатно истиот од 5S, што значи дека се квалификува како Retina, но во 2016 година веќе имаме дисплеи со многу повеќе пиксели и за оние кои имаат паметен телефон со Full HD или Quad HD дисплеј, тука ќе можат да ги видат пикселите. Особено што овој дисплеј ќе го гледате одблизу поради помалите димензии.

Задната iSight камера е исто така преземена од поголемите модели – вграден е новиот сензор со 12 мегапиксели, кој овозможува висок квалитет на фотографиите. Предната камера сепак има разочарувачки 1,2 мегапиксели, што значи дека за добри селфија корисниците веројатно почесто ќе посегнуваат по задната, иако Apple тука ја има вградено Retina Flash технологијата, која го осветлува дисплејот три пати посилно и го користи како своевиден блиц.

iPhone SE сега има и целосна поддршка за Apple Pay, со вградена заштита во вид на читач за отпечатоци на прсти во предното хардверско копче, како и можност за повикување на Siri со “Hey Siri” командата дури и кога е заклучен телефонот. Сепак, тука не е вграден 3D Touch системот, кој препознава различни притисоци на допирање на дисплејот.

gsmarena_009

Моделот ќе биде достапен во две верзии – со 16 и 64 GB и како и секогаш, нема слот за micro SD картичка, што значи дека веројатно е најдобро да се одлучите за поголемиот капацитет, освен ако не сакате да инсталирате игри на телефонот, да фотографирате, да снимате видеа и да слушате музика. Да, 16 GB денес се вистинско ограничување.

Исто така, батеријата има капацитет од само 1642 mAh – од Apple велат дека траењето е подобрено во однос на 5S, но не може да се избега од фактот дека тоа е мал капацитет за еден модерен смартфон.

Цените на iPhone SE се најниски во целата гама на смартфони на Apple во моментов – во Европа ќе почнуваат од 489 евра за 16 GB моделот, односно 589 евра за моделот со 64 GB простор, што е добра вест за пазарите во развој.

Цените во САД сепак се драстично пониски – 399 и 499 долари, односно бесплатно доколку корисникот потпише договор на 24 месеци со некој од операторите. Достапни ќе бидат четири бои – сребрена, златна, розово златна и вселенски сива.

iPhone SE ќе биде опремен со најновата iOS 9.3 верзија и со оглед на внатрешните компоненти, треба да се очекува дека ќе биде доволно моќен за да работи без никакви проблеми со идните надградби на iOS наредниве неколку години.

gsmarena_010

Извор: GSMArena, Engadget, The Verge

Претходна статијаТехнологија овозможува менување на изразот на лицето на личноста во видео во вистинско време
Следна статијаНовиот iPad Pro со 9,7 инчен дисплеј ги има сите новитети од поголемиот модел со подобрен дисплеј и камера