Електричните возила веќе почнуваат да се појавуваат на улиците, но авионите сѐ уште летаат на фосилно гориво и поради тоа што тоа го прават повисоко во атмосферата, имаат многу поголем импакт врз ефектот на стаклената градина. Решение се секако електрични авиони, но тука има неколку потешкотии.

Имено, авионите трошат многу, многу гориво, што значи дека и електричните авиони би имале потреба од многу големи батерии, особено поради проблемот со автономијата, која кај автомобилите и натаму е многу помала од таа на возилата со мотор со внатрешно согорување. Згора на тоа, овие батерии тежат премногу за едно летало.

Сепак, од MagniX велат дека нивниот супер лесен електричен мотор со супер проводници наместо перманентни магнети, кој тежи 50 kg и има 250 киловати моќност може да помогне во тоа. Засега, моторот е прототип, но од компанијата ќе почнат со тестирање за неговите можности за вградување во авион во 2020 година. Ова е сепак мотор со многу мала моќност, која е доволна само за мали, лесни летала – електрични мотори за големи авиони се далеку од денешната реалност.

Како и да е, со продолжување на развојот на оваа технологија тие би можеле да почнат да се сместуваат и во поголеми летала и евентуално во големите патнички и товарни авиони – MagniX планира таков мотор да биде спремен за тестирање во 2030 година. Според MagniX, ова би им донело големи заштеди на авио компаниите (околу 200 милиони долари за гориво), а воедно ќе влијае и многу позитивно на околината.

Извор: ZDNet, MagniX

Претходна статијаCanonical пушти посебна страна со туторијали за Ubuntu
Следна статијаTwitter заедницата брои 48 милиони ботови