AP_12061705275-582x360

Стивен Хокинг веруваме нема кој не го знае, барем ние кои сме наклонети кон следење вести поврзани со технологија и наука. Еден од главните предлагачи на теоријата за Големата експлозија (Big Bang), за Хокинговата радијација, внимателност со синтетичката интелигенција и многу други достигнувања.

За жал, заради неговата ретка болест наречена амиотрофична латерална склероза, тој е неподвижен и не е во способност да зборува со својот природен инструмент – гласот. За да може да комуницира со другите луѓе инженерите од Intel му создадоа софтверски програм наречен ACAT (Assistive Context-Aware Toolkit) кој со помош на следење на движењата кај неговите мускули на образите „сфаќа“ која опција/збор/фраза сака тој да ја одбере, и на тој начин ги гради речениците кои потоа се синтетизирани во аудио приказ.

Инженерите од Intel овој софтвер го изградија со директна вклученост на Хокинг и неговата помош во дизајнирањето, а сега го ослободуваат како слободен софтвер во јавноста. Причината зад ваквата одлука, која е за голем поздрав, е, според главниот инженер Лама Нахман, следното: „Целта на пуштање со отворен код е да им овозможи на развивачите (на софтвер; заб.) да создадат решенија во асистивниот простор со леснотија, и да го искористат тоа во кое ние вложувавме повеќе годишен труд. Нашата визија е да се овозможи секој развивач или истражувач кој ќе придонесе со вредност во осеќање, корисничко опкружување, предвидување на зборови, контекстуална свесност, итн. да гради врз ова, и да не мора да измислува топла вода (reinvent the wheel; заб.) бидејќи тоа бара голем труд“.

Уште еден поздрав до Intel и Хокинг за овој човекољуб потег кој можеби во иднина ќе придонесе за развивање на далеку подобри и поинтуитивни кориснички опкружувања кои ќе им помогнат на милиони болни ширум светот или ќе го подобрат искуството на милијарди корисници.

Софтверот можете да го симнете на следната врска: 01.org/acat каде можете да пронајдете и документација за користење.

Извор: Wired, NY Daily News

Претходна статијаProject Ara одложен за 2016 година
Следна статијаApperture Wrench – прилагодлив клуч со одличен дизајн