Eagle+360+with+autonomous+car

Еден од најголемите иноватори во светот на пневматиците, GoodYear, претстави нов тип на пневматици во облик на топка наречени Eagle 360, кои можат целосно да го сменат начинот на кој ќе се движат автономните возила во иднината.

Овие пневматици може да вртат во сите правци, односно возилото опремено со нив ќе може да се движи и странично. Со ваков систем на пример, паралелното паркирање ќе биде песна – возилото ќе треба само да дојде до слободното место и потоа странично да влезе во него.

Сигурно се прашувате како овие пневматици ќе бидат поврзани со возилото? Секако, механичка оска нема да може да биде решение, бидејќи таа го ограничува движењето во само една насока, па затоа GoodYear најавува користење на магнетна левитација – истата онаа што ја користат Maglev возовите.

Goodyear-Eagle-360-2

Покрај тоа што имаат сферичен облик, пневматиците имаат и отвори кои можат да ја менуваат својата големина, кои се дизајнирани по теркот на „биомимикрија“ како површината на мозокот. Ова може да биде многу корисно за различни временски услови – помали отвори за сув асфалт за поголема контактна површина и поголеми отвори за врнежливо или снежно време, кои полесно ќе ја исфрлаат водата надвор.

Сето ова пневматиците ќе можат автоматски да го препознаат и да го пратат како информација на автономниот автомобил и тој самиот да ги прилагоди возачките особини според тоа. Возачот секако во тој момент ќе може без проблем да си ужива во својата омилена серија – автомобилот ќе ја врши целата работа за него.

Овие концепт пневматици сепак се далеку од сериските возила и бидејќи се исклучително сложени, можеби и никогаш нема да го видат светлото на денот – овој концепт е само идеја нацртана во 3D софтвер. Сепак, дел од технологијата вградена во нив, односно онаа која може да ги менува големините на отворите, GoodYear ја најавува во Intelligrip, кои инаку изгледаат како стандардни пневматици, односно тркала.

И овие гуми ќе бидат опремени со цела плејада на сензори кои треба да помагаат во комуницирањето со автономните возила и нивните системи за стабилност, како ESP, ABS и TRC и ултимативно да овозможат посигурно и побезбедно возење.

Извор: Techspot, Mashable, Autoblog

Претходна статијаHTC 10 сепак ќе има Boom Sound звучници?
Следна статијаРусија развива технологија за драматично скратување на патувањето до Марс