1023863485

… и назад до Земјата. Имено, се работи за употреба на нуклеарна технологија како погон за вселенски брод кој би однел човечки екипаж до Марс.

Нивната идеја е да се искористи принципот на нуклеарна термална фисија како поттурнувач место хемиска смеса. Нуклеарното гориво ќе создава топлина преку делење на атоми, а таа топлина ќе се користи за горење на водород или друга хемикалија. Тоа е слично на користењето на хемиска смеса (окислородувач) која гори друга хемиска смеса (на пр. водород), но разликата е во тоа што хемиските смеси имаат едно непријатно ограничување во брзината на ослободување на енергијата што практично ја ограничува крајната брзина на ракетите кои ги употребуваат.

Колку за споредба, руската вселенска програма со нуклеарната термална фисија цели да постигне патување до Марс за само месец и половина (и потоа да слета на Марс, да се качи повторно во вселена и врати за слично време), а специјализираната ракета на NASA (Space Launch System) за пат до Марс ќе патува цела година и половина! Воедно хемиското гориво е поскапо од нуклеарното (по количество енергија по килограм), а постои и горна граница до колку гориво може да се смести во една ракета поради неговата тежина.

Топаз-1 руски нуклеарен реактор
Топаз-1 руски нуклеарен реактор

Во текот на Студената војна, СССР и САД имале програми базирани на нуклеарна термална фисија кои требало да се употребат во сателити и други летала. Тие имале создадено и погони кои постигнување двојно поголем специфичен импулс од хемиски-базираните погони, но програмите биле стопирани во меѓувреме пред да дојдат до значајни откритија.

Сепак, таа технологија ќе може да се искористи и надогради денеска, нешто што планираат да го направат русите за да стигнат што побргу до Марс. Дали ќе успеат е прашање на среќа, време и пари, а парите се главната точка околу која коментираат од разно-разни весници од САД кога се фокусираат на Русија. Сепак, веќе објаснив дека технологијата не може да се базира директно на волумен на вложени пари, бидејќи тогаш Руската Федерација не би имала втора најмоќна армија на светот иако вложува како за 5-то место.

Воедно ваквата технологија ќе може да се искористи и за продолжување на животниот век на сателитите. Имено, тие имаат постојана потреба да ја коригираат својата патека како би ја вршеле својата функција и како не би одлетале од, или паднале на, Земјата. Повторно, и во овој случај тие се ограничени со количеството на гориво кое можат да го земат со себе за исправка на патеката, па по неговото трошење настапува неизбежната судбина. Од друга страна, со нуклеарна термална фисија ќе се овозможат исправки на патеката на подолго време, барем сè додека некоја друга компонента не откаже.

Руската Федерација планира до 2018 да има тест реактор кој ќе биде тестиран на Земјата, а до 2025-та година да ја постигне својата Мисија на Марс. Да им посакаме среќа и успешност во оваа значајна мисија за надградување на човековата цивилизација!

Дополнителни информации: RT, Wired, Росатом.ру, Sputnik News

Претходна статијаGoodYear претстави пневматици во облик на топка
Следна статијаMicrosoft ќе претстави нова универзална Skype апликација