design2-796x309

Неодамна пишувавме дека кинескиот ZTE ќе развива нов паметен телефон со помош од купувачите, односно заедницата, што тогаш се чинеше како кул идеја. Сепак, уште покул се идеите кои се прифатени од заедницата и кои според ZTE ќе бидат вградени во уредот, кој треба да биде лансиран уште наредната година.

Најкул идејата е тоа што примарните функции на телефонот ќе може да се управуваат само со движење на окото. Оваа технологија не е ништо ново – денес веќе има неколку лаптопи кои имаат технологија за следење на очите, па би било интересно да видиме како ќе работи и во паметните телефони. Ова значи дека за основните функции, како скролање, нема да има потреба да ги користите прстите или пак воопшто да го мрдате телото – тоа ќе го правите само со движење на очите горе – долу.

logo_1-02

Исто така, заедницата барала телефонот да биде изработен од самолеплив полимер, што ќе му овозможи лепење на секаква површина. Благодарение на ова, веќе нема да треба да купувате посебни држачи за телефонот во вашата кола, но дали тоа ќе донесе пак други проблеми, како лепење на раката при користење, останува само да видиме.

Покрај самиот телефон, кој го има кодното име Project CSX, заедницата предложила и роботска ракавица, која може да се користи за управување на најразличен софтвер, како и водоотпорен VR уред за телефонот, кој може да се користи при нуркање. Да, луда идеја, која може целосно да го промени нуркачкото искуство, особено што благодарение на камерите во телефонот, овој уред може да се користи и за изменета реалност, односно да ја гледате околината и VR елементите во исто време.

image-e1473779184815-copy

Колку и да се чинат луди овие идеи, ZTE веќе најави дека ќе ги вгради во телефонот, кој би требал да биде лансиран наредната година. Ако имате уште некоја идеја, можете да ја пријавите до 30 Септември, кога завршува учеството на заедницата во проектот – потоа останува на ZTE да го развие телефонот и да го лансира на пазарот.

Извор: The Next Web, Engadget, PC Magazine

Претходна статијаSamsung Galaxy Tab A е нов 10 инчен Android таблет со дигитално пенкалце
Следна статијаHTC најави два Desire 10 телефони, треба да пристигнат на 20 септември