gsmarena_001

Корејскиот производител одамна нема лансирано Android таблет, барем не некој интересен уред кој може да ни го одземе здивот, што само додава на фактот дека таблетите „умираат“. Сепак, тоа нема да се случи одеднаш, па додека целосно светот целосно го прифати користењето на „2 во 1“ уредите, Samsung лансира нов Tab A таблет, кој има S Pen дигитално пенкалце.

Ова е истото пенкалце кое се користи во контроверзниот Galaxy Note 7 и кое тука може да се користи за брзо запишување на забелешки, но и на посериозно цртање. Ова е всушност директен одговор на Apple iPad Pro и неговото Apple Pencil пенкалце, со таа разлика што таблетот на Samsung доаѓа со вградено пенкалце уште во старт, додека корисниците на iPad Pro мораат да доплатат 99 долари за да го имаат.

galaxy-tab-a-2016-s-pen

Останатите спецификации на таблетот не се ништо особено – дисплејот има големина од 10,1 инчи и Full HD резолуција, процесорот има осум јадра, од кои помоќните на 1,6 GHz, а е помогнат од 3 GB рам меморија и 32 GB простор, со слот за micro SD. Батеријата има мошне солиден капацитет од 7.300 mAh, што би требало да е доволно за сериозно користење цел ден, а достапен е и модел со LTE конекција за оние кои сакаат без прекин да се поврзани на интернет мрежата.

Galaxy Tab A доаѓа со вграден Android Marshmallow 6.0, без најава за надградба на Nougat 7.0. Цената на таблетот во Јужна Кореја изнесува 434 долари, што е поповолно во однос на iPad, особено што тука пенкалцето е вклучено во оваа цена. За таблетот ќе биде достапна и футрола која ќе може да го држи под агол, со цел полесно цртање или пак користење како лаптоп со надворешна Bluetooth тастатура.

galaxytaba2016bookcoverlarge

Извор: Phone Dog, Android Authority, GSM Arena

Претходна статијаSunrise Calendar официјално престана со работа – функциите пренесени во Outlook
Следна статијаZTE развива телефон со помош од купувачите – еве какви луди идеи ќе бидат вградени во него